Во Москва отворена Фондација за поддршка на руско-македонските односи

Фонд содействия развитию русско-македонских отношений
На 20 март 2019 година во Москва се одржа свечено отворање на Фондацијата за поддршка на руско-македонските односи („Фонд РМ“).

На отворањето присуствуваа вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во Руската Федерација Гоце Карајанов, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Македонија во 2006-2011 година В. Д. Солоцински, претставници на Советот на Федерацијата на РФ, Министерството за надворешни работи на РФ,  фондот „Руски мир“, Фондот за поддршка на јавната дипломатија „А. М. Горчаков“, Балканскиот клуб при МГИМО, како и на општествено-научните кругови и бизнис-заедницата на Русија.

Настанот беше отворен со настапот на детскиот хор „Мелодија“, кој исполни македонски народни песни.

На присутните им се обратија основачите на Фондацијата Ина Жарова и Марија Третјакова, кои потенцираа дека создавањето на Фондацијата не е  вчерашна идеја - на овој настан му претходи 13-годишна плодна работа за зближување на рускиот и македонскиот народ преку организирање разни културни, спортски и други настани. Основачите ги искажаа целите и задачите на Фондацијата и ги споделија плановите за идните проекти.

Амбасадорот на РМ во Русија Гоце Карајанов

Поздравен говор имаше и амбасадорот на Република Македонија во РФ Гоце Карајанов. Честитајќи им на основачите на официјалниот почеток на работата на Фондацијата, тој ја истакна важноста од развивање на силни културни, духовни, научно-образовни и деловни врски меѓу македонскиот и рускиот народ, кои треба да послужат како гаранција за развојот на поблиски и поцврсти односи меѓу двете земји.

На присутните им се обрати и повереникот на Фондацијата Николај Јурјевич Гришко, кој ја изрази својата подготвеност на секој можен начин да помага во имплементацијата на идните иницијативи и проекти на Фондот насочени кон градење на културните врски меѓу македонскиот и рускиот народ.

Свечениот дел од настанот беше завршен со настапот на машкиот камерен хор „Преображение“, кој се претстави со руски народни песни, се вели на официјалната „Фејсбук“-страница на Фондацијата за поддршка на руско-македонските односи

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња