Еве зошто кирилското писмо ја „дрма ситуацијата“ во Русија, за разлика од латиницата.
Раната верзија на кирилицата ја создале учениците на Кирил и Методиј за Светото писмо да се шири на старословенски јазик. На тој начин е запрено и ширењето на латинското писмо и на католицизмот на Исток. Имено, кирилицата во првите векови придонела определени балкански држави и Стара Русија подобро да ги воочат разликите помеѓу православието и католицизмот. Руската православна црква во 10 век го прифатила словенскиот јазик и словенското писмо како јазик и писмо за богослужба и проповед. Со оглед на тоа дека црквата во тоа време била главниот просветител, кирилицата се користела како официјално писмо на старорускиот јазик. Ги имала сите букви од грчкиот алфабет (24 букви) и дополнителни 19 букви за обележување на словенските гласови.
Во 1708 година Петар Велики спровел реформа на рускиот јазик. Царот лично преуредил 32 букви за нивното пишување да биде поблиско до латинското писмо и тие букви да можат полесно да се користат во Европа. Петар отфрлил голем дел одвишни дијакритички знаци и инсистирал на почетокот на реченицата да се пишува голема буква. Определил бројните вредности да не се пишуваат со букви како претходно, ами со арапски цифри.
Првите метални шаблони за новиот нацрт на руските букви се излиени во Холандија. Покрај нарачаните шаблони за буквите и за машините за печатење, Петар ангажирал и странски печатари да ги обучат Русите и да им го пренесат знаењето поврзано со современите методи на печатење. Новиот нацрт на руските букви е користен за печатење книги, весници и реклами.
Со оглед на тоа дека деловните, образовните и воените врски помеѓу Русија и Европа во времето на Петар Велики биле многу силни, ова царско граѓанско писмо („гражданка“) се проширило низ светот и го промовирало рускиот јазик.
Новиот нацрт на кириличните букви ги презеле и останатите словенски народи, а меѓу нив и Македонците.
Селско население на Република Чувашија учи да чита и да пишува.
SputnikРуската кирилица се развивала и во текот на 18 и на 19 век, така што во 1918 година имала 35 букви. Правописните правила биле сложени. Имало многу исклучоци кои морало да се учат напамет. Болшевиците го спровеле на дело планот за реформа кој уште во 1904 година бил донесен во царска Русија, кога најпознатите лингвисти се обиделе да ги поедностават писмото и така да придонесат до полесно описменување на народот.
Овој план е едноставно спроведен на дело и така настанала руската азбука со 33 букви, онаква каква што денес ја знаеме. Со цел што поефикасна реализација на новите јазични правила, болшевичките офицери ги конфискувале старите комплети шаблони кои ги имале печатниците. Кирилицата во ново руво повторно тргнала во светот со цел милиони луѓе да ја прифатат новата, реформирана држава и нејзиното ново, реформирано писмо.
Букварот што го создал Карион Истомин, издаден во Москва во 1694 година, Ленинградска државна библиотека „М.Е. Салтичков-Шчедрин“.
Всеволод Тарасјевич/SputnikПоследната поголема реформа на рускиот јазик е извршена во 1956 година. Тогаш не бил изменет изгледот на кириличните букви, само се поедноставени определени правописни правила.
Рускиот јазик во овој вид се проширил во сите земји од Источниот блок каде неговото учење било задолжително. Помали јазични реформи се спроведени во 1964, 1973 и во 1988 година, но генерално гледано, денес Русите ја користат кирилицата од 1918 година.
Од деведесеттите години на минатиот век печатарите развиваат кирилични фонтови за дигитална употреба, така што кирилицата е присутна со 6% од содржината на проверени 10 милиони сајтови. Поголем процент има само англискиот јазик (54%).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче