1. На планинскиот врв Елбрус, на висина од 4.050 метри, единаесетмина алпинисти во 1909 година направија привремен камп. Пред да го напуштат на камен напишале „Засолништето на единаесеттемина“.
2. Дваесет години подоцна советските алпинисти на ова место изградија хотел и го нарекоа „Засолништето на единаесеттемина“. Тоа беше хотел на најголемата надморска висина во СССР и во Русија.
Public domain
3. На почетокот тоа беше дрвена куќарка за неколку луѓе. Потоа, во 1932 година објектот беше преуреден за да може да прими 40 гости. Сепак, сè уште не беше доволно комфорен и имаше лоша изолација, така што ветрот фучеше низ шуплините.
Евгениј Недерја / TASS
4. Кон средината на триесеттите години од минатиот век Советите решија да изградат исклучително атрактивен хотел на највисокиот врв во Европа...
5. Проектот го изработи архитектот Николај Попов. Тој беше одговорен за склопувањето на првите советски цепелини, така што нивниот облик влијаеше и на новиот планински проект.
Sputnik
6. Стотина алпинисти во 1940 година можеа да уживаат во новиот луксузен планински хотел. Собите биле удобни, имале добро греење, струја и топла вода.
7. Во август 1942 година за време на Втората светска војна „Засолништето на единаесеттемина“ без ниту еден куршум го зазеле германските планински единици од елитната дивизија Еделвајс. Оттаму Германците стасале и на самиот врв Елбрус и таму поставиле знаме како симбол на нивната доминација на Кавказ.
Public domain
8. Советските единици се обиделе да го ослободат хотелот, но и покрај многубројните напади и големите загуби не успеале да ги потиснат Германците. Дури по поразот кај Сталинград нацистите во јануари 1943 година им наредиле на своите единици да го напуштат „Засолништето на единаесеттемина“.
9. „Засолништето“ ги има преживеано сиве овие драматични настани во Втората светска војна, но не ги издржал туристите во повоениот период. Имено, хотелот изгоре на 16 август 1998 година. Се смета дека некој чешки или руски турист по грешка наместо лонец со вода на ринглата ставил лонец со бензин и така предизвикал голема експлозија.
Кемал Козбајев/Википедија