Во Рускиот центар во Скопје дебата на тема „Советскиот Сојуз и Минхенскиот договор“

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Во петок, 19 октомври, со почеток од 19 часот, во Рускиот центар при УКИМ ќе се одржи дебата на тема „Советскиот Сојуз и Минхенскиот договор“.

Минхенската спогодба, која беше потпишана на 30 септември 1938 година од страна на лидерите на Франција, Англија, Италија и на нацистичка Германија, а со која се предвидуваше отцепување на Судетската област од Чехословачка, во советската и во современата историографија се смета за злосторство без преседан во однос на меѓународното право кое стана вистински пролог за Втората светска војна и се нарекува „Минхенски договор“.

„Каква беше улогата на Советскиот Сојуз во Судетската криза? Какви мерки презеде советската дипломатија и советското раководство да не се дозволи распарчување на Чехословачка? Зошто денес во Русија се бара да се обрне особено внимание на лекциите од Минхен?“ се некои од прашањата за кои ќе се дебатира.

Воведничар и модератор на дебатата ќе биде Михаил Лушин, аташе за култура на Амбасадата на РФ во Македонија.