За оние кои чувствуваат дека во животот им недостига рускиот дух, француската модна куќа Vetements има нова колекција пролет/лето 2019. Манекените носат маички со погрдни зборови на руски јазик, со ликот на најголемата руска рок ѕвезда Виктор Цој или блузи со тетоважи на кои имаат право само закоравените руски криминалци.
Getty Images
Getty Images
Дизајнерот Демна Гвасалија е роден во Грузија уште во времето на СССР. Во Париз го дочекаа со раширени раце, но Русите искрено се чудат кому му треба облека која буквално дише со насилство? „Ако во мојот град се облечеш вака, сигурно ќе бидеш тепан“, коментира една Русинка на „Инстаграм“.
Getty Images
Getty Images
Демна вели „Ја посветив оваа колекција на Грузија во која јас и брат ми Гурам пораснавме во 90-те. Се обидов да ги портретирам стравот и болката што ги доживувавме тогаш“.
Getty Images