Саша Гусов
Ова е приказна за Саша Гусов, човекот кој во деведесеттите години од минатиот век со само десет долари во џеб ја напушти Русија и се пресели во Лондон. Како илегален имигрант можел да работи само како келнер.
Саша Гусов
Еден ден Гусов со пикнал во салата на Ројал Алберт Хол каде во склоп на својата турнеја била балетската трупа на Бољшој театар. Му пришол на директорот на театарот Јуриј Григорович и му се претставил како руски фотограф, иако во тој момент воопшто не се занимавал со фотографија.
Саша Гусов
Гусов побарал дозвола да ја слика трупата. На негово изненадување Григорович се согласил, а фотографиите од оваа историска фотосесија се објавени во списанието „The British Journal of Photography“, што на Гусов му донело слава и признание.
Саша Гусов
Од тој момент Гусов има фотографирано бројни политичари, глумци, музичари и други славни личности: му бил дури и личен фотограф на актерот Јуан Мекгрегор и на прочуениот оперски пејач Лучијано Павароти.
Саша Гусов
Фотографиите на Гусов се наоѓаа во водечките медиуми, вклучувајќи ги и „The Guardian“ и „The Wall Street Journal“, а се најде и на листата 20 најдобри фотографи на светот на британската агенција TopFoto.
Саша Гусов
„Фотографијата ги забележува моменталните случувања“, вели Гусов. И тој навистина има талент да се стопи со луѓето и да ги фати во вистинскиот момент. На фотографиите ги гледаме напнатите балетани само неколку минути пред да излезат на сцена, кои дури не ни обрнуваат внимание на фотографот.
Саша Гусов
Светлана Захарова, Владислав Лантратов и Николај Цискариѕе - динамичната експресивност и прекрасните движења на овие ѕвезди на Бољшој театар сега се бесмртни на фотографиите на Гусов. Глумците на сличен начин му позираат во своите улоги.
Саша Гусов
За време на отворањето на актуелната изложба на Гусов во јуни 2018 година во Москва, балерината Ангелина Карпова изјави дека таа и сите нејзини колеги сакаат да работат со Гусов зашто под неговиот поглед се чувствуваат мошне пријатно.
Саша Гусов
Изложбата „Големиот балет на Саша Гусов“ која содржи 50 фотографии снимени помеѓу 1992 и 2016 година може да ја видите во Центарот за фотографија на браќата Лимијер до 23 септември.
Саша Гусов