Во црквата „Св Архангел Михаил” во Скопје на 9 јуни се одржа помен за рускиот генерал Николај Максимович Иванов.
Генералот Н. М. Иванов е роден во аристократско семејство на 19 ноември 1859 година во селото Исправнаја во Кубанската област на југот на Русија. Образованието го стекнал во Првата воена гимназија во Санкт-Петербург и во Павловската воена школа. Во својот живот командувал со повеќе воени формации. Со царската повелба во 1915 година е одликуван со високата руска воена награда „Свети Георгиј”. Во 1920 година се преселил во Југославија, а починал на 1 март 1935 година во Скопје.
Панихидата се одржа пред обновениот споменик на генералот Н. М. Иванов на иницијатива на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.