На престижниот њујоршки филмски фестивал „Трајбека“ првпат победи еден руски филм, напиша Захар Прилепин на својата страница на „Фејсбук“.
Во Њујорк вчера се одржа церемонијата на доделување на наградите на лауреатите на филмскиот фестивал „Трајбека“. Дебитантскиот филм на рускиот режисер Ленар Камалов ја освои главната награда Best Narrative Short за краткиот филм „Дежурство“, пренесуваат медиумите.
„На фестивалот на кој наш филм, во кој јас ја играм главната улога, ја освои првата награда, беа присутни Роберт де Ниро, Ал Пачино, Стивен Спилберг и други. Што се вели дека ме гледале. Нешто тука страшно ме засмејува. Едноставно не сум паметен што да правам сега со тоа. Изгледа, сепак, дека во парот Де Ниро - Ал Пачино, јас ќе бидам третиот. Одамна не играле нешто заедно. А јас имам неколку сценарија. Ал, викни го Роби. Ќе ви раскажам, ќе ви се допадне, старци! А понатаму – еве ни го „Оскарот“. Супер! Не можев ни да сонувам за тоа“.
Наградениот филм зборува за доброволецот на Донецката Народна Република наречен Кот (го игра Захар Прилепин) кој добива задача да дежура до телефонот, меѓутоа тоа воопшто нема да биде ни малку едноставно како што отпрвин се чини. Филмот го прикажува судирот на истокот на Украина од аголот на проруски доброволец, живо доловувајќи ја трагедијата на војната и нејзиното влијание врз оние кои се вовлечени во фатални случки, се наведува на сајтот на фестивалот.
Режисерот и продуцент Ленар Камалов изјави дека многумина го одвраќале од испраќањето на филмот на американски фестивали.
„Никој не веруваше дека наш филм со таа тема некој би можел да земе на некој фестивал, ме одвраќаа да не го снимам филмот, ме одвраќаа да не го праќам на американски фестивали, никој не веруваше дека ќе постигне таков успех“, изјави тој.
Од прес-службата на проектот исто така е соопштено дека победникот на фестивалот „Трајбека“ автоматски влегува меѓу 250 филмови кои учествуваат во трката за наградата „Оскар".
„Трајбека“ е фестивал што се одржува во Њујорк кон крајот на април веќе 17 пат. Основан е 2002 година, а еден од неговите идејни творци беше Роберт де Ниро. Фестивалот настана како одговор н терористичките напади од 11 септември 2001 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче