Познати музичари ќе настапат против бруталната војна во Донбас која ги однесе животите на 200 деца. Сите собрани средства ќе бидат наменети за детски установи.
Во рамките на музичкиот маратон ќе биде организиран видеомост Москва - Донбас - Санкт Петербург. Водител на програмата во живо од Москва ќе биде Андреј Добров, писателот Захар Прилепин ќе се јавува од Донбас, а Ника Стрижак – од студиото во Санкт Петербург.
На маратонот ќе се приклучат жителите на Донбас, вклучително и деца.
На социјалните мрежи сѐ поголема популарност добива акцијата #hvatitubivat – корисниците на интернет истапуваат со барање за итен прекин на борбените дејствија и спасување на животите на децата, пренесува „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче