Во февруари 2015 година рускиот писател Захар Прилепин со помош на хумани луѓе успеа да собере над 12 милиони руби за помош на населението на Донбас.
Писателот лично го набавуваше она најнеопходното и, ризикувајќи го својот живот, заминуваше во зоната на борбените дејствија, се наведува во објаснувањето дадено со првиот дел на документарниот филм „Се однесува и на нас” (Не чужая смута), кој е објавен на неговиот Јутјуб канал.
Благодарение на оваа акција стотици жители на Донбас добија храна, лекови, облека и многу други нешта. Тие можеа да почувствуваат дека во Русија постојат илјадници луѓе кои се подготвени да им помогнат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче