ЖИВИ ТРАМВАИ

Преполнет трамвај во Петербург, 1933

Преполнет трамвај во Петербург, 1933

Википедија

Старите раскажуваат дека освен обичните, електрични трамваи, до денешен ден во Петербург возат и вистински, живи трамваи. За нив речиси не е потребна струја, освен за осветлување, а се движат со силата на патниците, односно од нивната итаница. Од таа причина на живите трамваи може да се патува колку што ти душа сака. Младите денес ретко можеш да ги видиш во трамвај, обично тие одат со коли или пеш или, пак, брзаат во метро. А, на старите каде им се брза? Па, така гориво за овие трамваи има многу малку и тие одвај одат низ градот, само по една станица на ден поминуваат. Но, затоа тие се мирни, тивки, инаку би морале да одат низ сообраќајниот метеж. Колите и пешаците ги одминуваат не забележувајќи ги, не ги тревожат патниците, а тие, пак, си дремат на прозорците колку што им душа сака. Во градот не постои поубаво место за сон отколку во живите трамваи. Си патуваат луѓето во нив и не сакаат да се симнат. Понекогаш се случува во овие трамваи да влезе некое младо момче или девојка и тогаш тој оди повесело, поживо, па понекогаш дури и фаровите се вклучуваат ако е темно. Но, како и да е, за градот ваквото движење се чини сонливо и тера на спиење. И така ќе влезе некој патник во трамвај, ќе се поднамести до прозорецот и спие цела вечност. Секако, сé е бавно, но затоа патниците се смирени, зашто во овие трамваи никој не ги турка, никој не се кара, како што е тоа во обичните, нови трамваи.

 

Превод од руски: Е.Н.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња