Континуираното реновирање на згради во руската престолнина повторно го привлекува вниманието на многу историски локалитети. Едно од најновите откритија беше направено од археолози на 10 мај, кога беа пронајдени 10 сребрени монети во шаховска фигура од слонова коска од 16 век. Во тоа време сопственикот на овие монети можел да купи со нив јато гуски. Сега монетите најверојатно ќе одат во некој од историските музеи во Москва.
И иако такви мали и уникатни наоди се откриваат доста често, во некои краишта на Русија се кријат поголеми богатства. Очигледно тие не можат да бидат откриени толку лесно. Многумина ловци на богатства залудно се обидуваа да најдат нешто што би ги направило многу богати. Да се осврнеме само на пет од нив.
Едно од најпознатите легендарни богатства на руската престолнина е библиотеката на Иван Грозни (1548-1574), која е изгубена и можеби била скриена од самиот владетел. Според кажувањата, оваа збирка на ракописи и книги собрани од византиските владетели, е дадена како мираз на внука на византискиот император Софија Палеолог, којa се мажи за кнезот Иван Велики (1462-1505) во 1472 година.
Виктор Васнецов. Иван Грозни / Третјаковска галерија
Се проценува дека збирката вклучувала поголемиот дел од библиотеката на Константинопол, спасена од Турците во 1453 година, и некои ракописи од античката Александриска библиотека. Библиотеката е складирана во занданите на Кремљ, за да се зачува од честите пожари, а подоцна за време на владеењето на кнезот Василиј III (1505-1533) книгите се преведени на руски.
Се претпоставува дека библиотеката е изгубена во 16 век, кога Иван Грозни ја преселил во Александровска Слобода, Владимирска област. Оттогаш многу археолози ја бараат библиотеката во Сергиев Посад, Александров, Владимирска област и на други места, кои претходно биле под влијание на царот.
Полските војници, кои навлегуваат во Русија на почетокот на 17 век, го собираат сето драгоцено што го наоѓаат. Се тврди дека планирале да пренесат киднапирани богатства во Варшава за кралот Сигизмунд III, но не стигнале дури ни до Смоленск - исчезнале по патот.
Сигизмунд III Ваза / Getty Images
Иако имало сугестии каде да се најдат изгубените предмети (во близина на локалната Могила, во реонот на р. Хворостјанка), ловци на богатства не ги наоѓаат, бидејќи насоките не биле познати.
Експертите сепак се согласуваат дека богатство се крие некаде во близина на денешен Можајск или Апрелевка во Московската област.
Во октомври 1812 година, кога францускиот император решава да избега од Русија, неговата армија нема намера да си замине без трофеите. Се тврди дека станува збор за два вагони вредни предмети, украдени од Кремљ, и збирка древно оружје. Кога армијата на Наполеон се повлекува под закана да се соочи со руските делови во крајно сурови климатски услови, таа остава дел од богатствата.
"Наполено се повлекува од Москва" (1927) од Јиржи Косак. Музеј-панорама „Бородинска Битка“, Москва / РИА Новости
Некои истражувачи веруваат дека вредните предмети се кријат во некое од езерата во западниот дел на Смоленската област. На почетокот на шеесеттите години од минатиот век се направени неколку обиди тоа богатство да биде најдено.
Таму е испратена специјална група за пронаоѓање, но нејзината работа завршува неуспешно. Денес оваа приказна продолжува да биде исклучително популарна меѓу трагачите по богатства во Русија.
На 7 октомври 1906 година бродот „Варјагин“ кој превезувал луѓе и товар, тоне во водите на Усуријскиот залив во денешниот Приморски крај. Самата трагедија не би привлекла толку многу внимание на јавноста, ако не се следеа настани.
Усуријскиот залив /ТАСС
Бродот му припаѓал на трговецот Алексеј Варјагин и по потонувањето тој барал од властите компензација од 60.000 рубли (околу 25.000 американски долари по сегашен курс) за особено вредната стока на бродот.
Губернаторот на областа одбива и во 1913 година, поранешниот капетан на бродот ја предводи експедицијата до местото на трагедијата. Групата го открива бродот, но поради недостаток на средства не успева да го крене товарот од бродот на површината. Последователните бури, почетокот на Првата светска војна и револуцијата од 1917 година стануваат пречки за нова експедиција за пребарување на ова богатство.
Како што се тврди, за време на руската граѓанска војна, Белата армија го прогласила адмирал Александар Колчак за врховен управник на руската држава од 1918 до 1920 година. Позицијата на антикомунистички водач е засилена со најголемите руски златни резерви кои се проценуваат на околу 650 милиони рубли (околу 280 милиони американски долари во денешни пари).
Адмирал Александар Колчак / Фотографија од архива
Колчак ги пренесува од Казањ во Сибир, но дел од скапиот товар е ограбен по патот, а адмиралот, наводно, исто крие дел од парите.
Во 1921 година, по смртта на Колчак, станува јасно дека речиси 250 милиони рубли (околу 108 милиони американски долари во денешни пари) од руско злато се исчезнати.
И додека некои мислат дека богатството може да е закопано некаде во Сибир, во Новосибирск или крај Транссибирската железница, постојат и сведоштва, според кои тоа би можело да е скриено некаде во Алтај.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче