11 конференција на руските сонародници во Македонија

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На 25 ноември се одржа годишната конференција на руските сонародници во Македонија.

Со поздравна реч до присутните се обрати Првиот секретар на Амбасадата на Русија во Македонија Александар Алексеев.

Во текот на конференцијата за резултатите од 2017 година настапија претставници на координативниот совет на сонародниците и организациите „Чајка“, „МР-Мост“, „Озарение“, „Славјанка“, „Русичи“, како и учесници во различни проекти во 2017 година.

Покрај тоа, беа презентирани и плановите и проектите за наредната година.

На крајот на конференцијата за нов претседател на координативниот совет на сонародниците беше назначена претседателот на здружението „Озарение“ Елена Демчик, се вели во соопштението на „Россотрудничество во Македонија“.