Рускиот државен балет од Санкт Петербург на 4 декември ќе го изведе спектакуларниот балет на мраз „Оревокршачка“ на Петар Илич Чајковски во Македонската опера и балет.
Во Балетот на мраз околу 20 танчари имаат титули Мајстор на спортот на Русија поради своите победи на сите руски и меѓународни натпреварувања во уметничко лизгање. Во балетот имаат учествувано и олимписките шампиони Људмила Белоусова, Олег Протопопов, Алексеј Уланов, Људмила Смирнова...
Балетот на мраз од Санкт Петербург се изведува од 1995 година.

Team System Music
На чело на Балетот е уметничкиот директор Константин Расадин, заслужен уметник на Русија, поранешен солист на светски познатиот Мариински балет и школски другар на Рудолф Нуреев. Има учествувано во балетски претстави заедно со Михаил Баришников и Наталија Макарова.
Музички директор и еден од основачите на Балетот на мраз е Лео Корхин, истакнат руски диригент кој раководи со голем број оркестри, вклучувајќи ги и познатиот Академски симфониски оркестар на Здружението на филхармоничари од Санкт Петербург „Дмитриј Шостакович“.
Последниве 5 години „Оревокршачка“ успешно се изведува на најдобрите сцени ширум светот.
Минатата година Државниот балет на мраз од Санкт Петербург првпат гостуваше во Македонија со изведба на „Лебедово езеро“.

Team System Music