Вљубеност

Култура
ЉУДМИЛА ВИЉКИНА

Не ја сакам љубовта, ами ја сакам вљубеноста,

Таинственоста на некој збор,

Нарочното смеење, исклучителниот звук на секој чекор,

Срамежливите погледи на страста и умиленоста.

 

Ја сакам надминливата збунетост,

во безгрижно трошење проживеаните часови,-

лутањето долж опасните брегови,-

И стравот со срцето да се осети задлабоченост.

 

Го сакам моментално создадениот кумир:

Неговиот миг новото ќе го урне.

Љубовта е тага. Вљубеноста - голем пир.

 

Разумот безгрижните огнови не ќе ги згасне.

Љубовта е како смрт. Вљубеноста, пак, како сон.

Вљубениот - сновиденија гледа он.

 

Препев: Емил Ниами