Вод војници. Подготовки за нападот врз Зимскиот дворец. Октомври 1917. Аптекарски остров. Петроград. Русија
Russian Look/Global Look PressГолемата Октомвриска револуција е настан за кој се вели дека го сменил светот. По тој повод неколку организации во Република Македонија се вклучија во одбележувањето на 100-годишниот јубилеј на овој историски настан.
На 27 октомври Рускиот центар при УКИМ во рамките на својата програма за одбележување на 100-годишнината од Октомвриската револуција организираше проекција на филмот „Октомври“ (10 ден што го сменија светот) чии автори и режисери се Сергеј Ејзенштејн и Григориј Александров.
Во одбележувањето на овој настан се приклучи и Социјалниот центар „Дуња“, каде, исто така беа прикажани филмови на теми од Октомвриската револуција. Прикажани беа филмовите „Чапаев“ во режија на браќата Васиљеви, „Црвени“ („Reds“) на Ворен Бити и „Октомври“. По проекцијата на филмовите се одржаа и дискусии поврзани како со самите филмски дела, така и со Октомвриската револуција.
Вечерва со почеток од 20 часот и кафулето „Ње Ејџ“ својата руска вечер ја посветува на овој јубилеј. За таа цел во текот на четири часа ќе се слуша музика од времето на Октомвриската револуција, како и руски песни посветени на овој исклучителен настан за целиот свет.
Во петок, пак, во Рускиот центар при УКИМ со почеток од 19 часот се организира дискусија на тема „Октомвриска револуција: 100 години потоа“ на која воведничар и модератор ќе биде аташето за култура на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија Михаил Лушин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче