Руски центар при УКиМ во Скопје.
Руски центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во СкопјеРускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е организатор на Меѓународната конфереција „Рускиот јазик, литература и култура во Република Македонија: минато, сегашност и иднина“.
Конференцијата ќе се одржи од 27-29 септември, и во неа ќе земат учество еминентни русисти и македонисти од Република Македонија и странство.
На отворањето на конференцијата се најавени обраќања на ректорот на УКиМ Н. Јанкуловски, директорот на „Рускиот центар“ при УКиМ В. Стојковски, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија О. Н. Шчербак, министерот за култура на Република Македонија Р. Алаозовски и деканот на Филолошкиот факултет при УКиМ А. Дучевска.
Во рамките на конференцијата во среда ќе биде презентирана и книгата „Русизмите во македонскиот литературен јазик“ на проф. д-р Нина Чундева.
На конференцијата ќе бидат презентирани трудови и реферати во состав на секциите за лингвистика, литература и култура, како и во секцијата за методика на наставата.
Меѓународната конференција е посветена на 70-годишнината од наставата по руски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче