Би-Би-Си: „Левијатан“ на Звјагинцев меѓу најдобрите филмови на XXI

Два филма на рускиот режисер Андреј Звјагинцев се најдоа меѓу најдобрите 100 филмови според Би-Би-Си.

Британската телевизиска корпорација Би-Би-Си го објави својот список на стоте најдобри филмови на XXI век, вклучувајќи во него два филма на рускиот режисер Андреј Звјагинцев.

Списокот на телевизијата го предводи филмот на режисерот Дејвид Линч „Булеварот Малхоланд“ (Mulholland Drive, 2001 год), на второ место е „Расположени за љубов“ (In the Mood for Love, 2001 година) на Вонг Кар-Ваи, додека на третото место е драмата на Пол Томас Андерсон „Ќе падне крв“ (There Will Be Blood, 2007 година).

Андреј Звјагинцев е единствениот руски режисер чии филмови влегоа меѓу првите сто на списокот. Телевизијата ги издвои драмите „Левијатан“ (Левиафан, 2014 година) и „Враќање“ (Возвращение, 2003 година), кои се најдоа на 47 и 80 место на списокот.

Рејтингот беше составен врз основа на мислењата на 177 филмски критичари од 36 земји.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња