Сцена од „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир во режија на Иван Поповски
Елена ГерасимчукМосковскиот театар „Мастерскаја Фоменко”, од 16 до 23 септември, на сцената на МНТ, ќе го претстави фестивалот на претстави од режисерот Иван Поповски - „Иван се враќа дома”. Македонската публика првпат ќе може да ги види неговите претстави кои предизвикаа огромен интерес кај руската, но и европската публика - „Сон на летната ноќ” од Вилијам Шекспир (2015), „Алиса зад огледалото” од Луис Керол (2010) и „Отровната туника” од Николај Гумиљов (2002).
„Иван се враќа дома” е прв домашен фестивал на претстави од македонскиот театарски режисер Иван Поповски, кој повеќе од 25 години живее и работи во руската престолнина Москва.
Претставите кои ќе бидат прикажани на фестивалот се претстави од голем формат, со високобуџетни продукции, во кои учествува елитна театарска екипа, кои ја одушевија критиката, освоија значајни театарски награди и признанија и имаа исклучителен прием кај публиката. За нив постојано се бара карта повеќе, иако некои се на репертоарот и по многу години.
„Сон на летната ноќ” се здоби со престижната награда „Златна маска” за најдобра претстава во Русија во 2015 година.
Престижна награда за „Сон на летната ноќ“ на Поповски
Иван Поповски со хит на сезоната на московската театарска сцена
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче