Детал од „Сон на летната ноќ“.
Елена ГерасимчукТеатарската претстава „Сонот на летната ноќ“ во режија на Иван Поповски ја освои главната награда „Sвезда на театралот“ во номинацијата за најдобра претстава - голем формат, избивајќи пред претставите на режисерите Евгениј Писарев и Роберт Вилсон.
Интересно за оваа награда е дека од номинациите до изгласаните најдобри, сѐ е во рацете на публиката. Таа со гласање на веб-страницата на списанието „Театрал“ ги предлага своите фаворити, а публиката понатаму преку Интернет-гласање ги избира своите најдобри. Оваа година во гласањето учествуваа околу 69.000 гледачи. На почетокот на септември беше оформен потесниот избор од по три претставници, за гласањето да заврши на 30 ноември и на 5 декември на свечена манифестација во Театарот на Вахтангов да бидат прогласени победниците.
Претставата на нашиот Иван Поповски „Сонот на летната ноќ“ стана победник во две категории – најдобра епизодна женска улога за ликот на Елена за актерката Ирина Горбачова и главната награда на фестивалот за најдобра претстава во целина - голем формат.
Покрај претставата на Иван Поповски во најтесниот круг влегоа и претставите „Куќата што ја изгради Свифт“ на Театарот „Пушкин“, кој на почетокот на 20 век беше еден од најпознатите театри на Русија и во Советскиот Сојуз, камерен театар, предводен од легендарниот режисер Александар Таиров (еден од четирите столба, покрај Станиславски, Меерхољд и Вахтангов, врз кои се темелеше рускиот театар во тоа време) во режија на Евгениј Писарев и претставата „Сказните на Пушкин“ на Театарот на нациите во режија на големиот Роберт Вилсон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче