Митови за руската историја: Западниот мит за Словените како робови

Getty Images
Западните истражувачи лекомислено имаат тенденција да ставаат еднаквост помеѓу зборот „Словени“ („Slavs“ на англиски) и „робови“ („slaves“ на англиски), но современите руски лингвисти и историчари откриваат нови информации и историски факти, кои ги оспоруваат ваквите тврдења кои долго време се провлекуваат. Со оваа статија „Руска реч на македонски“ го означи почетокот на новата серија „Митови за руската историја“.

Многумина современи западни научници веруваат дека постои јасна врска помеѓу зборовите „Словени“ (Slavs) и „робови“ (slaves) на англиски и други современи европски јазици. Ако човек ја погледне Интернет-страницата на Би-Би-Си (BBC) за корените на ропството, ќе види дека таму се тврди следново: „поимот“ роб има корен корени во зборот „Словени“.

„Словените кои се населени на голем дел од Источна Европа биле поробени од муслиманите и Шпанците во IX век“, се тврди на страницата на Би-Би-Си.

Словените продолжуваат да живеат на територијата на голем дел од Западна и Источна Европа и поради овој факт е важно да се спомене дека не само Би-Би-Си ги поврзува Словените со робовите. Човек може да види слични дефиниции во некои онлајн етимолошки речници, според кои „Славјан“ доаѓа од латинскиот збор „slav“, која пак значи „роб“. Објаснувањето обично е дека во ерата на кралот Ото Велики Германците земаат за заробеници многу Словени и ги продаваат како робови. Ова се случува околу Х век - историскиот момент, споменат од Би-Би-Си.

Словените се појавуваат во хрониките

Рускиот историчар Алексеј Виноградов сепак го дава како аргумент фактот дека во многу европски јазици формата „роб“, која е блиска по звучност до „Словен“, постоела само до околу ХIII век. Во тоа време немало големи војни, кои би предизвикале големи струи словенски робови кон Западна Европа.

Не само во современите јазици се воспоставува врска меѓу „Словени“ и „робови“. Како што веќе рековме, зборот има латински корени и од латинскиот е и значењето на средновековниот грчки во Византиската империја, каде формата „Словени“ почнува да се користи во текот на VI век - многу пред владеењето на Ото Велики. Важно е да се спомене дека Словените се споменуваат доста пред трупите на германскиот император да земат во заробеништво многу од нив.

Словенска експанзија

Животот на источните словен. Сергеј Иванов / Илустрација од слободни извориЖивотот на источните словен. Сергеј Иванов / Илустрација од слободни извори

Во времето на проширување Словените ја напаѓаат Византија на Балканот, ги уништуваат грчките населби и го земаат како заробеници локалното население. Историчарите, меѓу кои е и познатиот советски и руски истражувач Игор Фројанов, нагласуваат дека Словените земале многу заробеници. Како што е наведено во гореспоменатите извори од историчарот, робовите во овој дел на светот биле главно Грци.

Според истакнатиот византиски историчар Прокофиј Кесариски секоја година, од првиот период на управувањето на императорот Јустинијан (527 година од нашата ера), Словените напаѓале, земале многу заробеници и ја претвориле земјата во „скитска пустина“. Грчките автори ги опишуваат во тоа време Словените како луѓе „кои не можат да бидат поробени или потчинети во сопствената земја“. Токму поради оваа причина е тешко да се замисли дек зборот „Словен“ е изведен од „роб“.

Само хомоними?

Човек почнува да се прашува како тогаш да се објасни сличноста помеѓу зборовите „Словен“ и „роб“ во византискиот грчки. Еден веројатен одговор би можел да биде дека двата збора се хомоними; звучат многу слично, но имаат различно значење. Тогаш, сепак, од каде доаѓа грчкиот збор „роб“? Се наведува дека потекнува од зборот „граба“ или „носи плен“ (skyleuein).

Во исто време треба да се спомене дека нема консензус по прашањето за етимологијата на зборот „Словен“. Пред извесно време се појави популарна теорија, според која зборот доаѓа од слава (slava), „победа“. Повеќето историчари, сепак, не ја прифаќаат оваа теза.

Всушност најзастапен верзија е дека „Словени“ доаѓа од slovo – „збор“ (што значи „на луѓе кои можат да зборуваат на нашиот начин“).

Моделот на таканаречените „етноними“ (имиња кои  народ сам себеси си ги дава) е исклучително широко распространет низ целиот свет. Во него се одразува древната идеја дека има луѓе кои „зборуваат“, односно користат ист разбирлив јазик, и такви кои „дрдорат“ или „зборуваат како да лаат“ (така Хомер во „Илијада“ ги  нарекува луѓето кои не зборуваат грчки добро „barbarophonoi“, а подоцна изразот „варвари“ почнува да се користи за луѓе кои не зборуваат грчки) или кои се „неми“, односно воопшто не можат да зборуваат.

Слична е ситуацијата и со етнонимот „Арапи“ („оние кои зборуваат јасно“, за разлика од арапските имиња за Персијците, односно Иранците). Словените првично изјавуваа дека сите странци се „Немци“ (односно луѓе кои се неми, кои не можат да зборуваат). Уште во времето на Петар Велики зборот „Немец“ на руски јазик значи странец, а не Германец, иако подоцна се задржува само сегашното значење на зборот. Зборот „Немец“ постои со истото значење и сличен изговор во речиси сите словенски јазици. Словените се нарекувале себеси така затоа што „говореле разбирливо“. Ова се потврдува и од современата наука, според која прасловенскиот етноним „Словени“ го имал за основа гласот „o“, односно зборот била „словјани“, пишува во својот учебник „Вовед во славистика“ познатиот српски академик Предраг Пипер. Од истиот корен потекнуваат и имињата на денешните словенски народи - Словенци и Словаци.

„Спротивно мислење има лингвистот Леонард Мазинг, според кого потеклото на етничкото име „Словени“ треба да се бара во готскиот глагол slawan – „молчи“. Според оваа теорија името на „Словените“ првично значело „оние кои молчат“- односно нешто како германска противтежа на теоријата за „Немците“, пишува академик Пипер. „Главниот и најголем недостаток на ваквата теорија за етимологијата, е дека во историјата нема друг пример за тоа народ да зел за име збор со негативна конотација, кое му е дадено од друг народ“, додава тој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња