Прјаник од домашната рерна

Прјаник е еден од кулинарските симболи на Русија. Извор: Shutterstock.

Прјаник е еден од кулинарските симболи на Русија. Извор: Shutterstock.

За да се направо прјаник, вид руски медени колачиња, кои се еден од кулинарските симболи на земјата, обично е потребна цела седмица и посебен кујнски прибор. Затоа ви предлагаме една брза верзија, која е прилагодена на домашните услови.

Прјаник е еден вид руски медени колачиња. Можат да бидат со различен облик и вкус – од ванила, чоколадо или нане, со различни филови. Најпознати се оние што се прават во Тула, град кој се наоѓа релативно близу до Москва. Покрај медените колачиња, ова место е познато и по имотот на Лев Толстој во Јаснаја Пољана, како и по производството на оружје. Па, затоа во Тула можете да купите медени колачиња во облик на топ, но и во многу други облици. На горната страна обично се пишува некоја изрека, а се полнат со различни филови – од џем до варено згуснато млеко. Покриени се и со декоративна и вкусна глазура. 

Состојки 

2 јајца

100 грама кафеав шеќер

3/4 шолја мед

150 грама путер

морско оревче

кардамон

ореви

каранфилче

525 грама брашно

2 кафени лажички прашок за печиво

Многупати сум се уверила дека овие медени колачиња ги сакаат сите деца во Русија, но тие главно не се прават дома, туку се купуваат. Мислам дека на родителите така им е полесно. Поголемиот дел рецепти за прјаник се многу долги и комплицирани, и содржат упатства од типот: Оставете го тестото да отстои 5 до 7 дена. Потоа се бара и посебна рерна и друга опрема за печење и за правење глазура. Ваквиот начин на подготовка овозможува тестото да биде цврсто, но и да не се рони. 

Но, постои и поедноставен начин да се направат овие колачиња (инаку веројатно ова не би го пишувала), а во исто време да излезат добри. Овие прјаници со вкус на мед се подготвуваат мошне бргу. Секако, не се како оние од Тула, но и домашната варијанта ќе го израдува секој. Медените колачиња ги правев со децата на час по готвење. Со тестото испишувавме разни зборови и изреки и излезе мошне забавно. Можете да направите и глазура од карамелизиран шеќер во зовриена вода и со неа да се премачка тестото за колачињата да бидат уште поубави. 

Подготовка 

1. Изматете ги јајцата со шеќерот. 

2. Загрејте ги медот и путерот на слаб оган и потоа оставете да се изладат, па измешајте ги со јајцата и со шеќерот. 

3. Измешајте ги брашното и прашокот за печиво, па додадете ги во тестото. 

4. Додајте ги мирудиите и оревите. 

5. Тестото исечете го на парчиња, развлечете ги и обликувајте ги. 

6. Печете ги околу 15 минути на температура од 200 степени. 

Добар апетит!

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња