Извор: Press Photo
Групата архитекти на чело со Чобан (во неа влегоа и Алексеј Иљин и Марина Кузнецкаја) имаше задача да направи не само впечатлив проект на Русија на најголемата светска изложба, туку и да ја одрази нејзината тема „Хранење на планетата. Енергија за живот“.
![]() |
ЕКСПО за Е-бург Комисијата ги оцени шансите на Екатеринбург за спроведување на Светската универзална изложба „ЕКСПО-2020“. |
„Павилјонот претставува олицетворение на непрекинатото движење“, велат проектантите. Зградата во форма на паралелопипед со големина од 3.200 квадратни метри е направена од стакло и дрво. 30-метарската стреа над влезот, која гледа кон небото како огромен бран, треба да биде елемент кој ќе се забележи и кој ќе се запомни во целокупната панорама на изложбата. Од страната на главниот влез таа ќе биде исполнета од полиран нерѓосувачки челик, кој потоа се прелева во гигантско огледало. Озгора, на покривот од павилјонот, ќе се наоѓа висечка градина со кафуле и со места за одмор. Дизајнот на внатрешниот простор на павилјонот исто така ќе се разработува во бирото SPEECH заедно со „хартиениот“ архитект и уметник Јуриј Авакумов, чии дела, меѓу другото, се изложени и во Третјаковската галерија, во Музејот на архитектурата во Франкфурт и во Музеите на Викторија и на Алберт во Лондон.
Како што забележува Чобан, во проектот тие направиле омаж на руските павилјони на светските изложби, на архитекти од разни епохи како што се Константин Мељников, Борис Иофан, Михаил Посохин и други.
„Проектирани во разни години, овие павилјони ги обединува темата за скромна и јасна силуета, акцентиран влез и самостојност на обемот со минимум добро смилени изразни средства. Откако овие податоци ги зедовме како основа, се стремевме да ги поставиме на јазикот на современата архитектура. Солиден обем, овенчан со елегантен дополнителен елемент на перото, - вака јас би го опишал нашиот проект“, вели Чобан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче