Извор: Наталија Михајленко
![]() |
Марк Шагал – Времето е река без брег (1930 – 1939) |
Една од најпознатите слики на Марк Шагал (1887-1985) се нарекува заплеткано: Времето е река без брег. Сликата е надреалистичка. Низ реката пливаат часовници со клатна. На часовниците седи огромна риба со крилја и замислено свири на виолина. Метафората е необично точна. Шагал и самиот сиот свој живот го проживеал како риба. Имал неверојатно чувство за време. Штом ќе се појавела опасност, него веднаш го снемувало. Ова неверојатно чувство за време го спасило од погромот врз Евреите, од сталиновите чистки и од фашистичките концентрациони логори. Неговиот животен век траеше речиси сто години. Цело едно столетие, исполнето со војни, суровост, крв.
Катаклизми го следеле од раѓање. На свет дошол кога во градот избувнал пожар. Светот го пречека детето со оган. На пазарот се запалиле тезгите. Пламенот преминал на соседните куќи. За еден час горел целиот кварт. Мајката, спасувајќи си го синот, ја носела колепката по улица во потрага по сигурно место. „Можеби поради тоа“, велеше Шагал, „постојано сум вознемирен и чувствувам потреба за селење“.
![]() |
Врубељ: раздолжување за демонизмот Ликовниот уметник Михаил Александрович Врубељ (1856-1910), автор на ремек-делата „Демон“ и „Принцезата-Лебед“ е една од најтрагичните фигури во руското сликарство.. |
Вториот пат прстот на судбината му се појавил во ликот на уметникот-супремист Казимир Малевич. По револуцијата Шагал бил именуван за комесар на Витебск за уметност. Ја водел витебската уметничка школа и организирал револуционерни празници. На оваа должност Шагал се покажал во сиот свој сјај. Организирал надреалистички револуционерни празници. Граѓаните во шапки со широки стреи, со машни, носеле плакати: „Да живее револуцијата на зборот и на звуците!“ Некои госпоѓи марширале на парадите со високи потпетици. По негова наредба куќите биле обоени во портокалова боја со сини правоаголници. А, над зградата на градското собрание се веело знаме со приказ на човек на зелен коњ и натпис: Шагал – Витебск.
И сè би било во ред доколку Малевич, автор на познатиот Црн квадрат, не ја уверил болшевистичката власт дека Шагал не е доволно револуционерен. Слика луѓе, а вистинската револуционерна уметност треба да биде беспредметна, апстрактна.
Секако, не станувало збор за апстрактната уметност. Малевич едноставно сакал да биде комесар и да го истисне конкурентот. Шагал морал да замине. Но, по неколку години во Париз почнале да стасуваат вести од Русија за тоа дека власта се пресметува со уметниците, со поетите, со режисерите. Немало сомнеж дека и него би го чекала истата судбина доколку останел во Русија.
Но, и Франција не била најсигурното место за човек како него. Започнала Втората светска војна, а во Париз останал сè до доаѓањето на германската војска. Одвај успеал да го напушти Париз. Не е тешко да се замисли како еврејски уметник би поминал за време на нацистичката окупација на францускиот главен град. Уште во 1933 година поддржувачите на Хитлер ги запалиле сите негови дела заедно со останатата „деформирана уметност“.
ФОТО: Марк Шагал – Над градот (1914-1918)
Шагал во последен момент заминал за Њујорк. Иако таму можел да се вдоми, тој продолжил да талка да крајот на својот живот. Уште кога бил дете некоја циганка му претскажала дека ќе умре во лет. Циганката згрешила. Шагал умрел во својата постела, но живеел „во лет“, како ликовите на неговите слики. На платната на Шагал сите летаат: вљубените, локалните Евреи, па дури и рибите. Летаат и свират на виолина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче