Извор: Олга Соколова
Главна звезда на форумот беше либанскиот дизајнер Абед Махфуз со колекцијата вечерни и свадбени фустани есен-зима 2013/2014 „Свраката-крадачка во потрага по природно богатство“. Влијанието на високата мода од страна на новите имиња што доаѓаат од Истокот станува се позабележителна. Веќе одамна стручњаците, заедно со познатите европски дизајнери, ја оценија работата на мајсторите од Истокот како што се Ели Сааб, Зухар Мурад, Басил Сода. Нивниот адут е посебниот раскош. Можеби тоа звучи зачудувачки, но е факт. Без оглед на прилично строгите исламски канони, раскошот и сјајот отсекогаш се ценеле на Исток.
„
Веќе одамна стручњаците, заедно со познатите европски дизајнери, ја оценија работата на мајсторите од Истокот како што се Ели Сааб, Зухар Мурад, Басил Сода. Нивниот адут е посебниот раскош.
Абед Махфуз со право е во списокот на омилени кројачи како кај претставниците на најбогатите куќи на Блискиот исток, така и кај нешто помалку имашните Европејци и Американци. Неговата колекција освојува со раскошните ткаенини, скапоцените украси и со рачната изработка.
„Главната разлика во мојата работа и она што го прават поголемиот дел дизајнери, - вели дизајнерот за Руска реч на македонски, се наоѓа во фактот што ние се занимаваме со рачна изработка. Самиот избирам ткаенина, прибор, украси за моите фустани. За да го видам сето тоа, многу патувам по различни изложби.“
![]() |
Извор: Олга Соколова.
|
Вас Ве познаваат и вашите креации се купуваат на блискоисточниот и на европскиот пазар. Зошто Ве интересира Русија?
Да, моите фустани главно се продаваат во Либан и во Дубаи и во други држави од Персискиот залив. Имам шоу-румови во Дубаи, каде денес живеат многу Руси. Многумина од нив таму купуваат облека. Поради тоа сакам во Москва да отворам своја мултибренд продавница и сакам моите фустани да бидат изложени и во други мултибренд бутици.
А, колку чинат Вашите креации?
Вечерен фустан prêt-à-porter чини од 5 до 7 илјади долари. Фустаните од високата мода чинат од 10 до 27 илјади долари. Во свадбената линија готовите фустани чинат од 10 до 15 илјади американски долари, додека фустаните по нарачка се од 40 илјади долари. Не постои горна граница.
Кои од познатите лица носат ваши креации?
Линдзи Лохан, Селена Гомез, Никол Шерзингер, многу се. Од Русинките треба секако да ја споменам Ирина Шејк.
Колку е тешко да се спојат дизајнерските идеи и канонските ограничувања во исламската култура?
Сега со тоа е многу полесно. Многу жени во Дубаи, во Либан, во Египет можат да си дозволат да се облекуваат како Европејки. Иако постои побарувачка и за построг стил. Ако клиентката има конкретни желби, тргнувајќи од тоа дека е муслиманка која сака да се облекува според определените правила, ќе направиме, секако, сè што сака.
„
Во колекциите не ја одрекувам муслиманската култура, но бидејќи облеката се шие по нарачка, морам да ги земам предвид конкретните желби на клиентите.
Во последно време во Руската Федерација во регионите како што е Татарстан или кавкаските републики постои побарувачка за убав, но муслимански стил. Ќе го земете ли предвид и тој пазар, без разлика на тоа што не сте фокусирани на религиозниот аспект?
Тоа е нормален процес на враќање на корените, на културните и на религиозните традиции. Во колекциите не ја одрекувам муслиманската култура, но бидејќи облеката се шие по нарачка, морам да ги земам предвид конкретните желби на клиентите. Во моите колекции постојат мошне убави и интересни фустани. Да кажеме со отворено деколте. Ако некоја муслиманка го сака токму тој модел, но со затворено деколте, ние ќе ја исполниме нејзината желба. Тоа не ни е тешко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче