Драматизацијата на Толстој популарна во македонските театри

Авторот: Игор Стоjанов

Авторот: Игор Стоjанов

Кројцерова соната (руски: Крейцерова соната) е новела од Лав Толстој, објавен во 1889 година и веднаш цензуриран од страна на руските власти. Толстој се прикажува во светските театри, а во последно време токму оваа новела е исклучително популарна во македонските театри.

Кројцеровата соната (монодрама) од Народниот театар во Штип ја одигра актерот Милорад Анѓелов во режија на Љупчо Брислиски. Монодрамата беше популарна не само во Штипскиот театар туку и на многу други културни настани каде публиката со воодушевување го доживуваше овој руски книжевен великан. 

Кројцерова соната се одигра во рамките на фестивалот „УГД Сцена“ на Мултимедијалениот центар при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а настапи и на 11. Меѓународен фестивал на монодрама што веќе традиционално се одржува во Битола. 

Лав Николаевич Толстој го објаснил деградирачкото влијание на љубомората која му предизвикала губење на рационалноста и емоционалноста на човекот. Позднишев вели дека жените никогаш не ќе уживаат еднакви права на мажите колку што мажите ги гледаат како предмети на желба, но сепак ја опишува нивната ситуација како форма на моќ над мажите, да се спомене колку општеството е насочено кон нивното задоволство и благосостојба. Мислам дека во оваа монодрама се опфатени модерните текови на живеењето, вели за Руска Реч актерот Милорад Анѓелов кој го игра Позднишев во монодрамата Кројцерова соната. 


Зафирчев, македонскиот Онегин

Драмата е поставена од страна на Ангелов и Бреслиски уште пред неколку години и досега настапи на многу меѓународни фестивали и манифестации низ Македонија, а македонската критика ја оцени како одлична претстава која говори за падовите и успесите на еден човек и претстава која ги опфаќа модерните текови на живеењето.

Кројцеровата соната на Толстој е именувана по истоимената соната на Бетовен. Новелата за првпат беше изведена во театар во САД во 1906 година на Бродвеј. Драматизацијата ја направи Лангдон Мичел. Адаптацијата на македонската верзија ја направи Дарко Спасов во 2008 година, а првата изведба, во режија на Љупло Бреслиски, беше во далечната 2009 година. Драмата се уште ги полни театрите во државата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња