Децата најпрво развија оро на „Македонско девојче“, а потоа во македонска народна носија танцуваа на „Калинка“. Извор: Емил Ниами.
Руските сонародници од Македонија, заедно со неколку училишта од земјава во кои се изучува рускиот јазик, како и голем број ентузијасти, во саботата дадоа свој придонес кон празнувањето на рускиот празник – Масленица. Во салата на основното училиште „Димитар Миладинов“ беше организирана свечена приредба, на која свое учество зедоа претставници од претшколската возраст, па сè до оние повозрасните.
Програмата на одбележувањето на овој руски празник во себе содржеше обичаи кои се карактеристични за целата недела во која се празнува Масленица. Главна атракција, секако, беше симболот на овој празникот - куклата од слама (чучело), облечена во женски фустан, која беше мошне интересна за децата.
Најпрво децата развија оро на секогаш препознатливата македонска народна песна „Македонско девојче“, а потоа, облечени во македонска народна носија, танцуваа и ја пееја неизбежната „Калинка“.
Приредбата ја отворија основците од ОУ „Димитар Миладинов“ од Скопје, кои на уникатен начин ја прикажаа поврзаноста на рускиот и на македонскиот народ. Најпрво децата развија оро на секогаш препознатливата македонска народна песна „Македонско девојче“, а потоа, облечени во македонска народна носија, танцуваа и ја пееја неизбежната „Калинка“. Публиката ги бодреше со аплауз за целото време на нивниот настап.
Програмата потоа ја збогатија и ученици од повеќе основни училишта од Македонија, во кои се изучува рускиот јазик како странски. Имавме можност да слушнеме неколку народни руски песни, стихотворби, да се потсетиме на по некоја руска народна сказна, а и да потпевнуваме на руските романси.
Балетските студија исто така ја подгреаја атмосферата. Најпрво малите балерини ни покажаа во што се тие вешти, особено кога го изведоа танецот „Чунга-чанга“ на насловната песна од истоимениот руски цртан филм. Потоа тинејџерките од балетското студио „Пиколо“ заиграа на руските поп хитови од деведесеттите години од минатиот век, при што определен дел од публиката се врати во своите младешки денови, кога овие песни ги пеел секој од нив.
Рускиот женски хор „Славјанка“ за овој празник успеа да ја развесели публиката со неколку шеговити песни. Извор: Емил Ниами.
Забавата продолжи со сестрите Летиција и Леона Кондратенко, кои ни ја испеаја својата песна „Русинка – Македонка“. На крајот од приредбата и малку народна музика. Во Македонија не поминува ниту еден руски празник или прослава без учество на рускиот женски хор „Славјанка“. За оваа пригода тие не почестија со неколку шеговити народни руски песни, кои, според обичајот, се пеат на овој празник.
Потоа следуваше кулминацијата – палењето на сламената кукла. Откако вивна во пламен, насобраните луѓе ја испратија зимата, заблагодарувајќи ѝ се за убавите моменти, а во исто време на пролетта ѝ посакаа топло добредојде.
Потоа забавата се пренесе во училишниот двор. На платото нè чекаше сламената кукла (чучело). Децата набрзина се собраа околу неа и се фотографираа, а потоа и развија оро околу неа, пеејќи руски хумористични песни. Потоа следуваше кулминацијата – палењето на сламената кукла. Откако вивна во пламен, насобраните луѓе почнаа да пеат и да извикуваат. Тие ја испратија зимата, заблагодарувајќи ѝ се за убавите моменти, а во исто време на пролетта ѝ посакаа топло добредојде.
Забавата продолжи со песни, влечење и прескокнување јаже и многу смеа. На крајот домаќините ги нагостија посетителите со вкусни палачинки, но не ја избегнаа и македонската пита.
„До гледање, зимо, добредојде, мила пролет!“
Со овие зборови насобраните ја испратија зимата.
На прославата, традиционално, учество зедоа и претставници на амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. „Секоја година руските сонародници во Македонија организираат празнување на Масленица. Многу ми е драго што имав можност да земам учество во празнувањето. Имаше интересна и разновидна концертна програма, традиционални руски забавни игри и, секако, палачинки – каква е таа Масленица без палачинки?“ – вели Валентин Огнев, аташе за култура, образование, наука и спорт при амбасадата.
На крајот веселите деца им порачаа на возрасните дека треба почесто да се собираме на вакви празници, да ги запознаваме со руската култура, со руското секојдневие и со руските традиции. А, штом децата го бараат тоа, сепак значи дека македонскиот народ е заинтересиран за руската култура и традиција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче