Руската Адел ќе оди на Евровизија

Победничката на телевизисккото шоу „Голос“ Дина Гарипова а време на нејзината изведба во финалето. Таа ќе ја претставува Русија на Евровизија 2013 (архивска фотографија). Извор: РИА Новости / Руслан Рошчупкин.

Победничката на телевизисккото шоу „Голос“ Дина Гарипова а време на нејзината изведба во финалето. Таа ќе ја претставува Русија на Евровизија 2013 (архивска фотографија). Извор: РИА Новости / Руслан Рошчупкин.

Победничката на руското шоу „Голос“ („Глас“) ќе оди на Евровизија без натпревар. Строгоста, која стана една од карактерните црти на артистичкиот стил на пејачката, може да ѝ биде од полза.

Вообичаено учесниците на Евровизија се определуваат напролет, но не и сега. „Првиот канал“ на руската телевизија реши да ги забрза настаните. Без никакви гласања на 19 февруари беше објавено дека на изборот за песна на Евровизија ќе отпатува Дина Гарипова, победничка на првата сезона на руската верзија на шоуто „The Voice“/„Глас“. Руските учесници на Евровизија и порано беа одредувани без гласање, но овој пат жирито имаше цврст аргумент: на 29 декември за Гарипова во финалето на „Голос“ гласаа 54% од Русите и разговорите за таа да биде испратена на Евровизија почнаа уште тогаш, во пресрет на новата година. На натпреварот таа ќе исполни нумера која специјално за неа беше направена од Швеѓаните Габриел Аларес и Јоаким Бјорнберг со учество на поранешниот бас-гитарист на групата Автограф Леонид Гуткин, а песната носи наслов „What If“.

Извор:  Youtube / Bob Marley.

Истата таа Гарипова за првпат во рускиот шоу-бизнис направи толку брзо искачување на врвот, кое е вообичаено за финалистите на American Idol и The Voice. Дина е родена во Зеленодољск (Република Татарстан) во лекарско семејство во 1991 година, но не тргнала по стапките на родителите – од шестгодишна возраст Гарипова засилено се занимавала со пеење. Во 1999 година Дина победи на серускиот музички натпревар „Жар-птица“. Во 2005 година на меѓународниот натпревар во Тарту, а во 2008 заедно со театарот на песна „Златен микрофон“ отиде на првата турнеја во Франција. Нејзината желба за пејачка кариера не ѝ попречила да се запише вонредно на одделението за новинарство при Казанскиот државен универзитет. Веќе во 2010 година Гарипова веќе одржува самостојни концерти во Зеленодољск, а една година претходно е номинирана за наградата од претседателот на Русија.

Кратко речено, минатата година Дина влезе во потесниот круг на „Голос“ како веќе популарна пејачка во својот роден град и влета во екипата на Александар Градски. Градски е еден од гигантите на руската естрада, и по сè изгледа, најчудниот. Започна како рок-музичар, во првите групи пеел песни на Елвис Присли; потоа го зголемил својот репертоар, благодарение на класиците на Александра Пахмутова и на Николај Добронравов. Кон крајот на осумдесеттите години ја пеел партитурата на Астрологот во операта на Римски-Корсаков „Златниот петел“ во Бољшој театар. Има напишано неколку рок-опери, а неодамна ја заврши „Мајсторот и Маргарита“ според романот на Михаил Булгаков.

Наместо со ефектна надворешност, Гарипова ги покори гледачите со професионалната вокална техника и со беспрекорно избраните песни.

Соработката на пејачката со заслужениот руски пејач ѝ беше од корист – тој уверено ја насочи пејачката кон руска верзија на британската суперѕвезда Адел. Наместо со ефектна надворешност, Гарипова ги покори гледачите со професионалната вокална техника и со беспрекорно избраните песни – на една од емисиите таа ја исполни и композицијата на својата британска колешка „Skyfall“, која стана најуспешен санудтрак за филмовите за детективот Џејмс Бонд.

Како што вели пејачката во интервју за „Московски комсомолец“, разговорите за нејзиното заминување на Евровизија започнале да се водат веднаш по финалето на „Голос“, но веста за одлуката за неа била вистинско изненадување. Според неа песната „What If“, која деновиве ѝ беше претставена на широката публика е „светла, нежна и истовремено силна“. Претседателот на Universal Music Russia, продуцентската куќа која потпиша договор со победничката на „Голос“, Дмитриј Конов од своја страна во интервју за „Газета.Ru“ зборува за тоа дека на репутацијата на Евровизија како „натпревар на фрикови“ не треба многу да ѝ се верува, зашто најлудите композиции, иако остануваат во сеќавањето на гледачите според својата гротескност, последниве години сè почесто се наоѓаат најдолу на табелата според гласовите на гледачите. Од друга страна, строгоста, која стана една од карактерните црти на артистичкиот стил на Дина Гарипова, може да ѝ биде само од корист. Треба да забележиме дека поновата историја на Евровизија има примери од двата типа: невозможно беше да се предвиди победата на финските маскирани металци „Лорди“ во 2006 година, а исто така и една година подоцна победата на Марија Шерифовиќ, родум од Босна, со песната „Молитва“.

Строгоста, која стана една од карактерните црти на артистичкиот стил на Дина Гарипова, може да ѝ биде само од корист.

Како и да е, менторот на Гарипова во шоуто „Голос“ Александар Градски е уверен дека Дина ќе настапи соодветно. Тој за РИА Новости изјави дека нема да го предвидува нејзиниот успех, но не заради сомнежите во способноста на неговата ученичка, туку заради непредвидливоста на натпреварот, кој, според него, повеќе има социолошки, одошто музички карактер. Сепак, Градски изјави дека е задоволен од композицијата, која ќе ја исполни неговата ученичка и дека планира да ѝ помогне во подготовките за настапот на Евровизија. Дина, пак, изјави дека нејзиниот ментор ѝ велел да не го изневери.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.