Брус Вилис објаснува зошто Русија го сака „Умри машки“

Брус Вилис: „Мислам дека луѓето го сакаат Џон Меклејн зашто тој не е суперхерој.“ Извор: Инсерт од „Добар ден за да се умре машки“ / Kinopoisk.ru.

Брус Вилис: „Мислам дека луѓето го сакаат Џон Меклејн зашто тој не е суперхерој.“ Извор: Инсерт од „Добар ден за да се умре машки“ / Kinopoisk.ru.

Еден од омилените холивудски актери во Русија се сретана со новинарката на „Росијскаја Газета“ Марина Очаковскаја пред прикажувањето на „Добар ден за да се умре машки“. Брус Вилис раскажуваше за снимањата во Москва, зошто обожавателите го сакаат „Умри машки“ и за начините како тој израснал заедно со својот лик, суперхеројот Џон Меклејн.

„Добар ден за да се умре машки“ е петто продолжение од серијата „Умри машки“, кое започна да се прикажува во Москва. Иако е еден од најпопуларните блокбастери во Русија, на филмот воопшто не му беше лесно тула. Џон Меклејн за првпат дојде во времето кога филмската дистрибуција беше изумрена, а легалното изнајмување филмови сè уште не постоеше. 

Како резултат на тоа, ние дознавме за овој сардоничен полицаец од Њујорк преку лошите пиратски копии со лош аматерски превод. И покрај тоа, ние веднаш и целосно го засакавме. Додека Шварценегер и Сталоне им се обраќа пред сè на тинејџерите, Вилис беше херој на возрасните. 

Со огнените престрелки и трчањето бос по скршено стакло, Меклејн не прави ништо што е невообичаено. Секој човек знае дека, порано или подоцна, ќе се најде во ситуација на тотална катастрофа: тој ќе ги стегне забите и ќе го направи она што мора да го направи. Секоја жена сонува за таков маж и, се разбира, преферира тој да биде ќелав и малку кривоглед. 

Довербата во Вилис и во неговиот акциски херој е толку голема што една руска банка го искористи за една голема рекламна кампања во Москва. Вилис од билбордите ги гледа возачите и минувачите и небаре им вели: „Земи кредит, човеку! Шизик на ризик.“

Што се однесува до Москва, морам да кажам дека сум бил неколку пати и секогаш сум си поминувал многу убаво без ниту една сцена со брканици. Тоа е град што има многу енергија, се чувствувам убаво во него. 

Дејството во „Добар ден за да се умре машки“ се одвива во Москва. Синот на Џон Меклејн, Џек, работи во руската престолнина под лажно име. Тој штити еден поранешен руски криминалец кој станал информатор по име Комаров, кој е подготвен да му ги отвори очите на светот во врска со кражбата на плутониум од Чернобил (руска мафија, плутониум, борба на кланови: холивудската идеја за Русија е многу малку изменета, ако воопшто може да се каже дека се изменила). 

Кога Џек ќе се најде во тесно и кога неговиот живот е во опасност, постариот Меклејн излегува на сцената – а, кој друг? 

Брус Вилис, кого Росијскаја Газета го фати на прием на 21 кат на Фокс Плаза, има едноставно објаснување за долгиот и добронамерен интерес на фановите за кариерата на Џон Меклејн. 

Брус Вилис: Мислам дека луѓето го сакаат Џон Меклејн зашто тој не е суперхерој. Тој не поседува некои супервештини или природни способности. Тој е обичен човек кој кога ќе се најде во екстремни ситуации, сфаќа дека мора да се бори, инаку работите нема да тргнат на подобро за него и за неговото семејство. Затоа на гледачите не им е тешко да се стават себеси на негово место. 

Росијскаја Газета: Се нема ли тој сменето по 25 години? Малку повеќе мускули? Не научил ли да скока од авион бе падобран? 

Б.В.: Секако дека станал попаметен и, благо речено, постар, инаку е истиот човек како и претходно. Ние, луѓето што го гледаме филмот, сме се смениле. Постојат нови технологии, умееме да снимаме фантастични сцени на борба, сцени со бркање. Но, во ова ново опкружување, тој е сè уште истиот човек: лојален, приземен и со смисла за хумор. 

РГ. Неодамна зборував со Мила Јовович, која снимаше акционен филм во Москва, а сега вие. Од каде овој ненадеен интерес? 

Б.В.: Тоа ќе треба да ги прашате момчињата што ги пишуваат сценаријата. Јас сум актер: каде и да ме испратат јас глумам. Што се однесува до Москва, морам да кажам дека сум бил неколку пати и секогаш сум си поминувал многу убаво без ниту една сцена со брканици. Тоа е град што има многу енергија, се чувствувам убаво во него. Овој пат снимавме на Садовата обиколница и локалните власти направија сè што можеа за ништо да не ни пречи. Одлична организација. 

РГ: Не сте ли изморен од глумењето Џон Меклејн? 

Б.В.: Се разбира дека улогата бара голем физички напор. Има многу трчање и скокање, но јас се држам во форма. Засега можам да се справам, иако сум малку побавен од пред 25 години. Но, и мојот лик исто така не застанал во времето. Засега е добро! 

Но, би сакал да истакнам дека во филмовите „Умри машки“ не станува збор за херој кој постојано победува: во сите филмови се зборува за семејството на Меклејн, за неговата тешка врска со жена си, за неговите успеси и падови во поврзувањето со своите деца. Мислам дека овој аспект не е помалку важен во објаснувањето на успехот на првите четири дела и, се надевам, и на успех на овој дел. 

Од филм во филм, мојот лик станува попаметен и со тоа ја збогатува акцијата која бара сцени со брканици и експлозии. Никогаш не сум се изморил од тие сцени зашто, за среќа, можам да се потпрам на сопственото искуство со моите три ќерки кои се веќе пораснати и можам тоа, на еден или на друг начин, да го пренесам на платното. Сето тоа ме тера да мислам дека никогаш нема да ми биде тешко да го играм Џон Меклејн.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња