Quidams театар во Москва

Покана до Московјани да сонуваат...


Во првите недели од јануари, неколку московски паркови ќе бидат почестени со Новогодишната престава „Сонот на Херберт“ на францускиот театар Compagnie des Quidams and Inko'Nito.
Чекор по чекор, петте карактери ќе се трансформираат во огромни, 4 метарски фигури. Деформирани и величествени истовремено, со светлечки глави овие живи скултури фасцинираат. Огромните силуети ги опфаќаат ѕвездите. Со чудна, мистична музика, прават магија со која како ѕвезди се креваат во небото.
Едночасовното шоу на оваа група е изведувано на неколку фестивали во Франција и Европа, како и на големи културни настани.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња