Путин направи финансиски преглед на 2012

Претседателот на РФ Владимир Путин одржа работен состанок посветен на економските прашања. Извор: ИТАР-ТАСС.

Претседателот на РФ Владимир Путин одржа работен состанок посветен на економските прашања. Извор: ИТАР-ТАСС.

Да се определат мерките што се потребни за успешен развој на руската економија, им предложи претседателот Владимир Путин на чиновниците и на финансиските работници на средбата посветена на економските прашања. Треба да сме подготвени на можноста дека затишјето на глобалните пазари е времено, предупреди тој.

„Минатата година ситуацијата во светската економија, на финансиските пазари беше доста напрегната, сите многу добро го знаете тоа“, - забележа претседателот. „Должничките проблеми на Европа се усложнија со појавувањето на проблемите во банкарскиот сектор, и како резултат на тоа, во втората половина од минатата година регионот падна во рецесија“, - констатираше тој.

Искуството покажува дека затишјето може да биде времено и ние треба да бидеме подготвени за тоа.

Лидерите на Еврозоната демонстрираат позитивна динамика, но се појавија усложнувања во светската економија, меѓу другото и во Русија. Кон крајот на годината Европејците ја стабилизираа состојбата, но „пазарите не се смирија, очекувајќи го решавањето на проблемот на таканаречениот фискален крах во САД“, - продолжи Владимир Путин. „Во моментов многу проблеми се надминати, но искуството покажува дека затишјето може да биде времено и ние треба да бидеме подготвени за тоа“, - предупреди тој.

Растот на БДП за јануари – ноември 2012 година е 3.5%. Невработеноста е 5.4 отсто. Буџетот, според прелиминарните оценки, е исполнет без дефицит.

„Флуктуациите на глобалните пазари пред сè се одразија на волатилноста на рускиот финансиски и валутен пазар“, - забележа претседателот. Во текот на годината курсот на рубљата постојано се менуваше, но тоа веќе не е чудно, додаде Путин. Според него тука постојат и плусови и минуси – „слични колебања дозволуваат во голем степен да се изолираат состојбите во реалниот сектор на економијата од дејствијата на финансиските шпекуланти“.

„Економските оценки за изминатата година сè уште не се конечно завршени, но прелиминарниот резултат изгледа задоволувачки“, - констатираше претседателот. Според податоците на Министерството за економски развој, растот на БДП за јануари – ноември 2012 година е 3.5%. Невработеноста е 5.4 отсто. Буџетот, според прелиминарните оценки, е исполнет без дефицит. 

Направени се значителни резерви. „Според прелиминарните податоци, инфлацијата изнесувала 6.6 отсто заради промената на цените на прехранбените производи“, - забележа претседателот, обрнувајќи внимание дека станува збор за ниска стапка: од 2000 до 2010 година инфлацијата во просек била 12.75%. Притоа реалната плата пораснала за 8.8 отсто, а инвестициите за 8.4 проценти во однос на истиот период претходната година.

Годишниот раст на БДП се намалува. Во ноември тој беше 1.2 отсто, додека во првите месеци на 2012 година изнесуваше 4.9 %. Во целина во вториот квартал БДП изнесуваше 4 отсто, а во третиот падна на 2.9%.

Но, проблемите остануваат. „На фонот на овие позитивни тенденции загрижува отскокнувачката динамика на економските показатели во текот на годината“, - рече претседателот. Можеби декемвриските податоци ќе бидат пооптимистички, но резултатите од ноември се загрижувачки, забележа тој. „Според оценките на Министерството за економски развој, годишниот раст на БДП се намалува“, - додаде Путин. Во ноември тој беше 1.2 отсто, додека во првите месеци на 2012 година изнесуваше 4.9 %. „Во целина во вториот квартал БДП изнесуваше 4 отсто, а во третиот падна на 2.9%“, - продолжи претседателот.

„Сличен тренд се забележува и кај индустриското производство и кај инвестициите“, - констатираше Путин. Постојат проблеми и во земјоделството, додаде тој, потсетувајќи дека Русија има доволно пченица и дека го задржува значајниот извозен потенцијал.

Шефот на државата не исклучи дека забавувањето на економскиот раст може да се препише и на надворешните фактори, за кои тој зборуваше на почетокот на средбата. „Втората половина од годината за поголемиот број земји во светот, за поголемиот број економии беше помалку успешна одошто првата, но секако, треба да видиме дали е тоа навистина така“, - додаде тој. „Треба да се видат нашите внатрешни проблеми, внатрешните прашања и, најважно, да се види како да се реагира на оние проблеми што се појавуваат и во светската и во нашата економија“, - рече претседателот.

Путин нареди да се спроведе комплексна анализа на ефективноста на буџетските расходи, да се идентификуваат можностите за оптимизација и во оваа работа да се вклучат независни експерти.

Потсетувајќи дека за време на светската економска криза бил ставен акцент на поддршката на побарувачката, Владимир Путин забележа дека сега се вклучени речиси сите производни капацитети, дека невработеноста е на рекордно ниско ниво и експертите сметаат дека поддршката на побарувачката веќе доведува до пораст на цените. „Затоа се предлага да не се продолжува со стимулирање на побарувачката, туку да се создадат услови за инвестиции“, - објасни тој, повикувајќи да се проанализира дали мерките преземени во оваа насока се исцрпени. 

Исто така треба да се определат конкретни чекори за поддршка на инвестициите. Според мислењето на шефот на државата, приоритет треба да биде развојот на инфраструктурата. За да се најдат средства за тоа, Путин нареди да се спроведе комплексна анализа на ефективноста на буџетските расходи, да се идентификуваат можностите за оптимизација и во оваа работа да се вклучат независни експерти. 

Шефот на државата предложи и да се проговори за реализацијата на веќе преземените решенија.„Едно од нив е да се создадат услови за развој на домашните инвестиции, - објасни претседателот. – Како што веќе се договоривме. Веднаш по формирањето на управувачката структура ќе почнеме постепено да инвестираме средства во Фондот за национална благосостојба во инфраструктурни проекти што самите се исплаќаат“. „Но, веднаш би сакал да кажам дека оваа управувачка компанија сепак треба да се создаде, не треба бесконечно да зборување за нејзиното формирање, мора да ја создадеме, инаку ќе ја саботираме оваа одлука“, - им рече претседателот на чиновниците.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња