Односите меѓу Русија и Летонија може да се подобрат - изјави во интервјуто, објавено на интернет-страницата на весникот „Вести“, министерот за надворешни работи на Летонија, Едгар Ринкевич.
Во интервјуто се спомнува дека односите меѓу двете држави во минатата година биле сложени, во меѓу сферите каде е забележан прогрес, влегуваат економијата и транзитот на стока во Авганистан, што зборува за можноста за нормализација на односите. Тоа е возможно доколку двете страни покажат повеќе почит за време на дискусиите и целосно ја осознаат користа од заемната соработка - смета министерот за надворешни работи на Летонија.
Трн во око за односите меѓу двете држави е советскиот период: летонската страна го смета за окупација времето од 1940 до 1991 година, кога републиката била вклучена во составот на СССР. Руската страна категорично не се согласува со таквото формулирање на ова прашање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче