Изложбата „Мојот театар“ во Уфа, Извор: Сергей Словохотов, Росијскаја Газета.
Авторката по образование е сценограф. Најпрво студирала на Уфимската државна академија за уметности „Загир Исмагилов“, потоа во Државниот академски институт за сликарство, скулптура и архитектура „Илја Репин“ во Санкт Петербург и завршила постдипломски студии на ГИТИС, каде сега предава сликарство и театарска макета.
На изложбата се претставени макети од театарски претстави, костими, скици за сценографија, направени за разни театарски постановки. Ваквите дела се многубројни во творечкиот опус на авторката, зашто таа е сценограф на сите студентски претстави на познатиот ГИТИС.
Творечката особеност на нејзината работа, според зборовите на Ељвира, е тоа што таа е создадена со учество на студентите, кои, по правило, имаат свежи идеи и нестандарден поглед на нештата. Освен тоа, во ваквите претстави се вклучува цела една генерација, што значи треба да се смислат многу костими, сценографијата да се изработи брзо и квалитетно, зашто тие нема да бидат само за една употреба. Без оглед на тоа што станува збор за студентски претстави, сè се прави на високо ниво. Сценографијата и реквизитите се прават во работилниците на разни театри, како што се МХТ, театарот „Станиславски“, театарот „Пушкин“.
На изложбата се претставени макети од театарски претстави, костими, скици за сценографија, направени за разни театарски постановки.
Ељвира вели дека се чувствува себеси слободно во театарскиот свет, пред сè благодарение на тоа што првото работно искуство во Уфа го имала кога работела на театарската претстава според текстот на Габдула Тукај „Лирата моја многулика“ во Уфимскиот татарски театар „Нур“.
- Претставата ја постави главниот режисер на театарот Абилхаер Касимович Сафиулин. Тој ми покажа што значи соработка со искусен професионалец, кој ти верува, без да се меша во твојот творечки процес и во исто време прецизно кажува што би сакал да види на сцената, - си споменува Ељвира Асадулина.
Освен наведеното, Ељвира е хатат, односно калиграф со арапско писмо.
Сценографијата не е единствена преокупација на многустраните способности на Ељвира. Исто толку плодотворно таа се занимава и со графика и со сликарство – слика пејзажи и портрети. Нејзините дела се чуваат во Башкирскиот државен уметнички музеј „М.В. Несторов“ и во десетици приватни колекции во Русија и во странство.
Освен наведеното, Ељвира е хатат, односно калиграф со арапско писмо. Таа ја направила сцената на концертната сала во која се одвиваше Х Московски натпревар на интерпретатори на Светиот Коран. Всушност, како изгледала салата, може да се види на изложбата „Мојот театар“, каде е претставена макетата.
Ељвира го избра тешкиот пат. Благодарение на својот талент и на трудољубивоста таа солидно се претстави во Москва и покажа дека школата во Уфа сосема не е лоша.
- Рифхат Арсланов, главен сценограф на Башкирскиот државен театар, опера и балет
Интересот за калиграфија кај Ељвира не се појавил туку-така. Нејзиниот татко е оџа во собата за молитви на уфимскиот аеродром. Всушност, првата индивидуална изложба на младата уметница се одржала пред неколку години на меѓународниот аеродром „Уфа“.
Коментар
Рифхат Арсланов, главен сценограф на Башкирскиот државен театар, опера и балет, професор на Уфимската академија на уметности, заслужен културен работник на Русија и Башкортостан:
- Многу студенти кои учеа во мојата класа, каде предавам сценографија, станаа сликари, заминаа во други сфери на уметноста. А, Ељвира го избра тешкиот пат. Благодарение на својот талент и на трудољубивоста таа солидно се претстави во Москва и покажа дека школата во Уфа сосема не е лоша. Уверен сум дека таа ќе стаса далеку и оти ќе работи на солидни сцени, зашто таа има голем потенцијал.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче