Во Москва се демонтира една од најголемите реклами во Европа

Една од најголемите реклами во Европа е демонтирана од покривот на Руската државна библиотека во центарот на Москва.

Една од најголемите реклами во Европа е демонтирана од покривот на Руската државна библиотека во центарот на Москва. Според новите правила за местоположба на реклами во главниот град на Русија, големите реклами не треба да го нарушуваат видот на историскиот центар на градот.

Со текот на работите се запозна и градоначалникот на градот, Сергеј Собјанин. Тој им соопшти на новинарите дека во последните години во градот биле демонтирани 30 илјади рекламни конструкции.

Демонтирањето го извршуваат осум индустриски алпинисти од утро до вечер. Површината на демонтираната конструкција изнесува 460 квадратни метри. Таа стоеше на покривот на главната библиотека на градот 12 години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња