Владата на сахалинската област до 2020 година планира да изгради и да пушти во употреба 32 училишта, чија вредност се оценува на околу 25 милијарди рубљи (околу 38 милијарди денари), соопшти за РИА Новости претставник од локалната управа.
„Повеќето од училишните згради во областа се изградени во 50-70-те години на минатиот век. Од резултатите што ги добивме од инспекцијата на училишните згради, се покажа дека истите се физички и морално истрошени. Освен тоа, во повеќето згради часовите се одржуваат во две смени, што противречи на барањата за наставниот процес. Од 2015 година, руските училишта ќе се претворат во училишта со полн циклус настава: во првата половина на денот - настава од задолжителните предмети, а во втората - посетување на различни кружоци и секции. Затоа, во најбрзо време треба да се започне со изградба на нови и проширување на веќе постоечките зданија, појасни претставникот од локалната управа.
Тој забележа дека според списокот за школите кои ќе бидат изградени или реконструирани - се предвидуваат работи врз 32 објекта. Се планира да се изградат 18 училишта во градовите со стабилна демографска ситуација, 9 комплекси училиште-детска градинка и да се доградат пет објекти кон веќе постоечките зданија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче