На овој ден во 1977 година во московското метро се случи првиот терористички напад

Мала ретроспектива за првиот терористички напад во московското метро.

На 8 јануари 1977 година, во 17 часот и 23 минути, некаде меѓу станиците „Првомајска“ и „Измајловски парк“ на Арбатската линија на московското метро, во вагон на еден од возовите се случила експлозија. Загинаа 7 луѓе, а повреди добиле 44.

Во истиот ден во Москва се случиле експлозии на улицата 25 Октомври и во продавницата на плоштадот Ѓержински.  

На 8 јануари сите оперативни одделенија на КГБ и на милицијата биле вонредно повикани и активирани во откривањето на терористите. Првите истражувачки дејства на местата каде се случиле експлозиите, особено во метрото, каде бројот на жртви бил најголем, покажале дека експлозиите се предизвикани од рачно направени експлозивни направи.

На местото на експлозиите биле најдени фрагменти на експлозив и парчиња метал за да се зголеми дејството во погодената област. Експлозивната направа била активирана од обичен будилник кој бил направен во фабриката за часовници во Ереван. Будилникот послужил како еден од доказите кој довел до престапниците. Како резултат на истрагата, биле уапсени Степан Затикјан, Акоп Степанјан и Завен Багдасарјан, кои тргнале по патот на теророт за да се изборат за одделување на Ерменија од СССР.

Лидер на групата бил Затикјан, кој и порано бил во затвор поради своето дисиденство. Терористите ги суделе на затворено судење и биле осудени на смрт со стрелање две години после експлозиите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња