Ханти-Мансијск е град во западен Сибир, основан 1930 и познат по богатите нафтени наоѓалишта.
Данес Ханти-Мансијск е град во подем со бројни странски инвестиции. Бројот на жители непрекинато расте – од 35.000 жители во 1989, до 80.000 во 2010.
Во Ханти-Мансијск се наоѓа главното седиште на авиокомпанијата „ЈУТер“. Локалниот хокејарски клуб „Југра“ се натпреварува во Континенталната хокеарска лига. Покрај тоа, градот е и светски познат центар за нордиско и алпско скијање. Норман Фостер, англиски архитект, во 2007 година потпиша договор за изградба на 280 м. висок облакодер во атрактивниот дел на градот. Покрај тоа, холандскиот архитект Ерик ван Егерат планира изградба на деловен комплекс во центарот на Ханти-Мансијск.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.