М. Гермашев. „Со ѕвездата“. Извор: Википедија
Словенските народи уште од своето паганско време го прославуваат овој празник. Најпрво тој бил поврзуван со зимскиот сонцестој, а потоа станал дел од божиќните празнувања. Во Русија на коледе луѓето се маскирале. Побогатите облекувале нови, маскирни облеки, додека сиромашните само ја превртувале облеката наопаку и ставале маска од некое животно. Се верува дека во времето од Божиќ до Богојавление, по белиот свет шетаат злите души, па затоа и во народните обичаи постојат многу застрашувачки маски, со цел да се прикажат лошите сили.
Коледарските песни во Русија се малку поинакви од традиционалната македонска коледарска песна. Покрај песните кои изобилуваат со пагански и со христијански мотиви, руските коледарски песни имаат и битов карактер.
Маскирањето било особено интересно за децата. Тие оделе од куќа до куќа и им пееле коледарски песни на домаќините, а за возврат добивале некаков подарок. Ваквите обичаи се вообичаени и за македонската култура, но разликата се огледа во тоа што во Русија сиот тој празник се случувал навечер.
Коледарските песни во Русија се малку поинакви од традиционалната македонска коледарска песна. Покрај песните кои изобилуваат со пагански и со христијански мотиви, руските коледарски песни имаат и битов карактер. Децата оделе во различни куќи и, познавајќи ги домаќините, тие пееле различни песни, со кои им посакувале различни нешта, во зависност од домаќинството. Ако оделе кај некој постар стопан тие пееле песни во кои му посакувале здравје, добар род и среќа, ако, пак, оделе кај некое семејство во кое имало девојка за мажење, тие ѝ посакувале на момата убав, вреден маж и среќен брак. Руските коледарски песни се одликуваат со сериозност и со свеченост.
По завршувањето на прошетката низ куќите децата ја започнувале својата игра. Обично тие се санкале, играле во снегот, пееле песни, танцувале и се веселеле.
Коледарските обичаи се сметаа за изумрени во големите руски градови. Но, во последно време, тие почнаа да го враќаат својот сјај. Сѐ почести се иницијативите за нивно возобновување во поголемите градови, каде родителите ги организираат децата од маалото и ги праќаат да им пеат коледарски песни на соседите. Како и да е, коледарските традиции до денес се чуваат во северните делови на Русија, од каде и доаѓаат најголемиот број коледарски песни.
Вертеп со религиозни мотиви. Извор: Википедија
Вертепот е народен куклен театар, кој во Русија се појавил кон крајот на седумнаесеттиот век. Всушност, се работи за двокатно сандаче или мало шкафче со изглед на театарска сцена. На двата ката се поставуваат кукли со кои се игра претставата.
Денес за време на божиќните празници вертепот е атракција како за децата, така и за возрасните. Повторно се враќа традицијата на прикажување куклени претстави со религиозни мотиви.
На почетокот на вертепот се прикажувале претстави со религиозни мотиви, а подоцна започнале да се изведуваат и други видови куклен театар, најчесто наменет за деца. Во Русија до денес може да се сретне вертепот како подвижен детски театар или како начин за забава и за образование на децата од претшколска возраст.
Денес за време на божиќните празници вертепот е атракција како за децата, така и за возрасните. Повторно се враќа традицијата на прикажување куклени претстави со религиозни мотиви. Порано на сцената на вертепот било забрането со кукла да се прикажува ликот на дева Марија, па за таа цел се користеле икони со нејзиниот лик. Исто така не се прикажувал ниту Исус како младенче, ами се слушал само неговиот плач.
Традиционалната божиќна претстава започнува од моментот кога царот Ирод дознава дека се родил Исус и решава да го убие. Тој им наредува на воините во Витлеем да ги погубат сите деца помлади од две години. Воините започнуваат да ја извршуваат наредбата на царот, но старицата Рахил не го дава своето дете и покрај заповедта на Ирод. Но, правдината секогаш победува. На крајот Ирод мора да плати за своите злосторства, па Смртта му ја отсекува главата, а ѓаволите го носат неговиот труп во пеколот. Така започнува прославувањето на раѓањето на Исус и победата на доброто врз злото.
К. Е. Маковски „Божиќно гатање“. Извор: Википедија
Уште една интересна традиција кај источните Словени е гатањето наспроти Божиќ. Уште од дамнина се верувало дека вечерта наспроти Христовото раѓање е најпогодна за гледање во иднината. Овој обичај до денешен ден е мошне распространет кај младите, особено во помалите места во Русија. Навечер тие се собираат за да ги дознаат настаните што ги чекаат во следната година.
Гатањето е мошне значајно за младите девојки, зашто тие со нетрпение очекуваат да видат дали во следната година ќе се омажат. За таа цел тие истурале врел восок во вода и според контурите што се образуваат го гледале ликот на оној со кого ќе им се пресече патот. Исто така, се гледало и формирањето на други симболи. Па така, ако се појави куќа, тоа значи изобилство, ако се појави монета – богатство, а ако се види овошје или зеленчук, тоа означува добро здравје.
Гатањето е мошне значајно за младите девојки, зашто тие со нетрпение очекуваат да видат дали во следната година ќе се омажат.
Постојат уште два вида гатање. Особено интересно е гатањето со фрлање чевел. Луѓето пред куќите фрлале чевел, а оној што ќе го земе и ќе му биде точен, тој во следната година ќе стане свршеник. Малку помистично е гатањето на трпезата. Се поставувала масата за бадниковата вечера, а на неа се ставал и дополнителен прибор за оној за кој ќе се гата. Пред масата се поставувало големо огледало во кое сите што ќе седнат на масата можат да гледаат. Потоа се палеле свеќи, а во огледалото се појавувале слики, кои ги прикажувале настаните што ќе му се случат на оној за кого се гата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче