Откријте го Сибир - Томск

Ви го претставуваме Томск, еден од најстарите сибирски градови, административен, образовен, но и научно-истражувачки центар на Томската област.



Томск е град сместен на брегот на реката Том и претставува административен центар на Томската област. Томск е еден од најстарите градови во Сибир - во 2004 година славеше 400 години од своето постоење. Томск воедно е и најстар образовен, научен и истражувачки центар во Сибир, еден од „градовите мозоци“ во кој постојат дури 9 универзитети, 15 истражувачки институти и 6 бизнис инкубатори, како и посебна економска зона со компании кои развиваат различни напредни технологии.

Денеска во Томск живеат 500.000 жители, а секој шести е студент од разни краеви на Сибир, Средна Азија или од европскиот дел на Русија. Токму затоа во Томск има најмногу луѓе кои говорат странски јазици во Русија. Неодамна Томск беше прогласен за втор најдобар град според критериумот „квалитет на живот“. Во Томск можат да се најдат стари, дрвени зданија, како сведоци на богатото минато на градот, но и нови, модерни згради, како симбол на новата ера која ја живее градот - сето тоа споено во уникатен контраст во специфичниот животен стил во Томск.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња