Рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев за Нова Година ќе бидат дома со нивните семејства.
Претседателскиот портпарол, Дмитриј Песков, изјави дека Путин ќе биде во својот дом. "Како и обично ќе ја дочека Нова година со своите најблиски", изјави Песков.
Тој не ги прецизираше плановите на претседателот за претстојните празници. Во претходните години Путин поминуваше неколку дена во Сочи, каде што често беше придружуван од Медведев.
Премиерот ќе биде во Краснаја Полјана каде оди речиси секоја зима на скијање, но овој пат и за контрола на изградбата на спортските објекти за Олимписките игри 2014.
"Јас немам никакви вонредни планови. Нова година ќе ја пречекам дома, а потоа ако времето дозволи, ќе одам да скијам", им изјави Медведев на новинарите на неодамнешната средба.
Традиционално се очекува за Божиќ тој да оди и во Храмот на Христа Спасителот во Москва.
За Божиќ, Путин обично присуствува на богослужба во различни руски градови. Официјално не е соопштено каде ќе биде тоа овој пат, но медиумите велат дека тоа може да биде во Црква во Краснодарскиот реон.
Портпаролот на претседателот се воздржа од било какви коментари за ова прашање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче