Тензиите на релација Русија-ЕУ не се надминати

Евидентни и ненадминливи се разликите меѓу Русија и ЕУ.

И покрај насмевките на Путин и неговите партнери од ЕУ – Баросо и Ван Ромпуј, евидентно е дека разликите по многу прашања во односите Русија-ЕУ не се надминати. По сите главни прашања – енергија, трговија и економија – едвај ли да имаше напредок и заеднички став меѓу Брисел и Москва.

Но ниту еден договор не беше постигнат, дури и за една таква скромна цел како што беше прашањето за олеснување на визниот режим од страна на ЕУ за некои граѓани на Русија.

Русија долго време се жали на енергетските регулативи во ЕУ кои ги принудуваат руските гигантски компании да се поделат. Москва се жали на одлуката на европските антимонополски власти да спроведат истрага против државната компанија „Гаспром“.

Путин рече дека некои од енергетските правила на ЕУ водат до „конфискација на руските инвестиции во некои земји на ЕУ“. Тој се пожали на селективниот пристап на ЕУ во однос на ценовната политика. Имено, прашањето за ценовната политика се однесува исклучиво на „Гаспром“, но не и кога истото го прават компании на други земји.

Од друга страна, Баросо се бранеше дека: „проблемот е што `Гаспром` ја користи доминантната позиција во некои делови на нашиот пазар“.

Тензиите јасно избија на површина кога Путин му влезе во збор на Баросо, кој ја бранеше енергетската и визната политика на ЕУ. „Само секунда, стар мој добар пријателе, г-дине Баросо“ – рече Путин низ иронична насмевка, обраќајќи им се на присутните новинари со зборовите: „Тој ја изнесе својата позиција толку детално и толку емотивно, бидејќи чувствува дека не е во право.“

Единствено нешто околу што Москва и Брисел имаа омекнат став беше ситуацијата во Сирија, при што е забележано евидентното дистанцирање на Москва од режимот на Асад, што е блиску и до ставовите на ЕУ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња