Најпопуларните лизгалишта на мраз во Москва

Во Москва можете да се лизгата веднаш под ѕидините на Кремљ. Извор: АР.

Во Москва можете да се лизгата веднаш под ѕидините на Кремљ. Извор: АР.

Зимава се отворија повеќе од илјада и петстотини лизгалишта на мраз низ целата престолнина. Може да се користат сопствени лизгалки или да се изнајмат.

Централното лизгалиште се наоѓа на Црвениот плоштад зад ГУМ (Државна Стоковна Куќа) и ова не е прва година на ова место да се постави лизгалиште. Оваа година тоа почна да работи на првиот ден од зимата. Капацитетот на ова лизгалиште е 450 лица, а цената на билетите се движи од 250 рубли (6 евра) во работните до 500 рубли (12,5 евра) во неработните и празничните денови. Една сеанса трае 1 час и 20 минути, а почетокот е на секои два часа од десет изутрина до десет навечер. 

За најпознато лизгалиште се смета она во Горки Парк, кое исто така се отвори на 1 декември. Ова е култно место уште од предвоениот период стана уште попопуларно по обновувањето на паркот минатата година, кога московската администрација го исчисти Горки Парк и го направи поудобен, покомфорен, парк кој повеќе личи на оние од современите градови, а помалку на луна парковите од деведесеттите. Површината на лизгалиштето изнесува 18 илјади квадратни метри, со мраз се покриваат патеките, алеите, а исто така и плоштадот со фонтана. Освен тоа, тука има и игралиште за хокеј, кое може да се изнајми, за да се „повојува“ во хокеј. Инфраструктурата на паркот за време на зимскиот период се менува на тој начин што посетителите можат со лизгалки да дојдат во кафулињата, кои ги има многу.

Лизгалиштето „Искра“ со големина од 20 илјади квадратни метри се всушност два стадиона како единствено поле, покриено со квалитетен мраз.

Ова игралиште работи секој ден, освен во понеделниците, од 10 изутрина до 11 навечер, со три до пет технички паузи. Билетот за лизгалиштето во работните денови чини 200 рубли (5 евра) за возрасни, а во неработните  во празничните денови 300 (7,5 евра). За децата цената на билетот е постојана и чини 100 рубли (2,5 евра). Изнајмувањето на лизгалките е бесплатно и не се ограничува со сеансите. Но, за да се земат лизгалки потребно е да се остави депозит од 1500 рубли (37,5 евра) за пар. Администрацијата на паркот беше принудена да го воведе депозитот минатата година, кога во првите пет дена со бесплатниот наем исчезнаа околу 700 пара лизгалки, зашто дел од посетителите не ги враќаа лизгалките. Откако беше воведен депозитот, тие почнаа масовно да ги враќаат лизгалките, за да си ги добијат парите назад. 

Уште едно лизгалиште на кое треба да му се обрати внимание, се наоѓа во паркот Сокољники. Да бидеме попрецизни, тука нема едно, ами две лизгалишта со површина од 5.4 илјади и 17 илјади квадратни метри. Помалата се нарекува „Лед“ и се наоѓа на Фестивалниот плоштад на паркот. Проектот за ова лизгалиште беше разработен од дизајнерското биро Wowhouse, познато по своите проекти во обновувањето на Горки Парк. Лизгањето тука личи на учество во шоу. Администрацијата на паркот веќе има порачано од Франција опрема за светлосни и видео инсталации. За двочасовна сеанса посетителите треба да платат од 100 до 400 рубли во зависност од денот и од времето на посета. 

Второто лизгалиште во Сокољники е значително поголемо одошто „Лед“. Тоа така и се нарекува „Големо лизгалиште“, кое има големина од 17 илјади квадратни метри. Тоа претставува круг во центарот на паркот со патеки во облик на зраци покриени со мраз. Изнајмувањето лизгалки на „Големото лизгалиште“ е 200 рубли за 2.5 часа. Ако имате сопствени лизгалки, можете да се лизгате бесплатно. Лизгалиштето на Сокољники се отвори на 15 декември. 

Најголемото лизгалиште во Москва се отвори на почетокот на декември кај метро-станицата „Ботанически сад“ во северниот дел на градот. Лизгалиштето „Искра“ со големина од 20 илјади квадратни метри се всушност два стадиона како единствено поле, покриено со квалитетен мраз. Тука можете да изнајмите лизгалки или да си дојдете со своите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња