Градот Краснодар е главен центар на Краснодарскиот крај на југот на Русија. Се наоѓа на реката Кубањ, околу 148 километри североисточно од црноморското пристаниште Новоросијск. Краснодар е административно седиште на регионот во кое се наоѓаат познатите руски летувалишта Анапа, Геленџик и Сочи, кој ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2014 година.
Кубањ - е второ име за Краснодарскиот крај - го сочинуваат непрегледни полиња. Оваа пространа житница е расположена од донските степи, па до Кавказот, а влагата во неа ја носат ветровите од Црното море.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.