Пелагеја е позната руска фолк пеачка која изведува народни песни, романси и композиции, чиј автор е самата, а кои се аранжирани во фолк-рок стил. Уште во рана возраст Пелагеја се покажала како добра пеачка со извонреден слух и со широк дијапазон на гласовни можности. Настапувајќи меѓу професионалците од својата четврта година, таа во 2000 година ја основала групата која го носи нејзиното име.
Секогаш кога избирала некоја песна за изведување, Пелагеја ги изненадувала слушателите со оригиналниот начин на интерпретација. Ви претставуваме една од овие композиции – руската народна песна „Ах, не е ноќ...“, која исто така е позната како „Сонот на Степан Разин“.
„Ах, не е ноќ“
Ах, не е ноќ, не е ноќ...
А сонот ме совлада
А сонот ме совлада,
Ах, и во сонот гледав.
Во сонот гледав
Дека коњот мој вранец
Се возбуди, се потресе
Непослушен стана.
Задуваа зли ветрови
Од краевите источни
Ја издуваа црната капа
Од главата моја бестрашна.
Атаманот мудар беше
Знаеше што значи сон
„Ах, ќе ја изгубиш, - рече тој
Својата глава бестрашна“.
Ах, не е ноќ, не е ноќ...
А сонот ме совлада
А сонот ме совлада,
Ах, и во сонот гледав...
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.