Извор: Alamy / Legion Media.
„Роснефт“ конечно соопшти дека започнаа преговорите за купување акции на Бритиш Петролеум од компанијата ТНК-ВР. Темата која толку многу ги заинтригира играчите на енергетскиот пазар и медиумите, конечно доби своја официјална верзија, но сепак, многу прашања и понатаму остануваат отворени. Како ширењето на работата на компанијата подоцна ќе се одрази на енергетската безбедност на Русија? Што ќе биде со руските наоѓалишта кои досега се експлоатирани со „половина сила“? На крајот на краиштата – каква корист има државата од оваа трансакција?
Пред сè треба да се истакне дека оваа трансакција, доколку дојде до неа, нема да биде само обична трговија, туку и одраз на објективната состојба на пазарот. „Роснефт“ и неговите менаџери имаат искуство и квалификации за управување со крупни акции и, што е особено важно, кадаровски се подготвени да ги прошируваат. Ако трансакцијата биде реализирана, тоа ќе биде многу силен импулс за експлоатација, преработка и пласман на нафта и гас, а секако, и акционерите ќе остварат добивка, благодарение на новите активи во своето инвестициско портфолио.
Најважен ефект, секако, ќе биде поцврстата улога на Русија на светскиот енергетски пазар. Не е мала работа кога една државна компанија, која е толку крупен играч на пазарот, ќе стекне таков економски потенцијал во сферата на експлоатацијата, преработката и транспортот. Ако трансакцијата се оствари, тоа ќе биде единствен случај, зашто производствените и другите можности на компанијата ТНК-ВР, ќе се вклопат во разгранетата инфраструктура на „Роснефт“ или, поточно речено, одлично ќе ја надополни инфраструктурата која и самата е доста разгранета.
Ова треба подетално да се разгледа. Пред сè, активата на компанијата ТНК-ВР, на пример во Орнебуршката област, веќе сега интензивно се користат во инфраструктурата за преработка на гасот на „Роснефт“ во регионот на Самара. Понатамошниот заедничкиот развој на постоечката инфраструктура може да донесе само полза, кој ќе се огледа во намелените трошоци за преработка и за транспорт на гас. Освен тоа, со спојувањето на напорите и компетенциите во експлоатацијата на нафтата, ќе се овозможи попрецизно да се оцени и подобро да се искористи потенцијалот на оваа најстара нафтоносна територија во Русија. Патем, паметното здружување на силите во Јамало-Ненецкиот автономен округ, исто така ќе придонесе за отворање на нова страница во развојот на гасните резерви.
Без здружување – нема развој, што значи нема ниту иднина, а новите проекти реално се остварливи. На пример, здружувањето на можностите кои двете компании ги имаат во Краснојарскиот крај и Иркутската област би придонело за намалување на трошоците и роковите за реализација. Само потенцијалот на Ванкорското наоѓалиште е доволен да обезбеди оптимално решение за прашањата за материјалната и техничката поддршка, приливот на персонал, ангажирањето на квалификувани договорни организации и утилизација на пропратниот нафтен гас во околните наоѓалишта во Сузан и Тагул. Со тоа би се забрзало нивното воведување во индустриска експлоатација.
Здружувањето ќе овозможи намалување на трошоците за индустријализација и значително ќе го забрза започнувањето на експлоатација на уште две наоѓалишта – Јурупчено-тохомското и Кујумбинското, кои се наоѓаат на територијата на Евенкија во Краснојарскиот крај и се оддалечени на 90 километри еден од друг.
Треба ли да докажуваме дека од овие проекти за развој на структурата на транспорт на нафтата корист ќе има и Источносибирскиот регион, со своите специфични климатски услови? Познато е дека со зголемување на интензитетот на експлоатацијата, се динамизира развојот на цели градови.
Освен тоа, да кажеме дека паметното и координирано користење на инфраструктурата и логистиката на Верхнечонското наоѓалиште ќе ги намали трошоците за индустријализација и ќе го забрза започнувањето на експлоатација на одамна откриените наоѓалишта на лиценцираното земјиште на „Роснефт“ во Иркутската област.
Русија, како многу голем играч на светскиот пазар на енергенси, има што да им понуди на своите потенцијални партнери. „Роснефт“ веќе е најголемата јавна компанија во светот, а со 50% акции во компанијата ТНК-ВР, ќе стане сосема недостижна за своите најблиски конкуренти. Оваа трансакција ќе ѝ овозможи да ги зголеми постојните резерви на нафта (според податоците на SEC), за околу 20% (од 14,3, на 17-18 милијарди барели). Такви се пресметките на аналитичарите. За споредба - резервите на „Лукоил“, најблискиот конкурент на „Роснефт“, сега изнесуваат 13,4 милијарди барели.
Понатаму, во случај на реализација на оваа трансакција, дневната експлоатација на „Роснефт“ ќе порасне од 2,4 на околу 3,3 милиони барели на нафта. Денес, на пример, Бритиш Петролеум искорисува 2,3 милиони, а Ексон Мобил 2,2 милиони барели.
Впрочем, инвеститорите веќе ги оценија сите овие можности: имено, кога се појавија шпекулациите за тоа дека руската компанија купува акции на Бритиш Петролеум од компанијата ТНК-ВР, акциите на „Роснефт“ на берзата ММДБ (Московска меѓународна девизна берза) и РТС (Руски трговски систем), пораснаа за 1,2% т.е. на 200,62 рубли по акција. Со други зборови, капитализацијата на компанијата достигна 2,12 милијарди рубли, додека индексите на ММДБ и РТС истовремено се спуштија за отприлика 0,3%.
Според тоа, пазарот е целосно подготвен за спојување на двете најмоќни структури кои ја диктираат светската енергетска политика.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче