Пеколен испит за руската црвена беретка

Руските специјалци мора да поминат еден од најтешките и најсуровите испити на светот за да се стекнат со правото на црвена беретка, што ја носат како доказ за врвната обученост.

Фотографии: Сергеј Шапран.

Црвената беретка како дел од воената униформа е популарна во многу армии во светот и главно е симбол на специјалните единици. Во Русија „црвените беретки‘‘ во 1978 година (за време на подготовките за московската олимпијада во 1980 година) кога е формирана школска чета за специјални намени во рамките на дивизијата „Феликс Ѕержински“. Оваа чета послужи како база за создавање на прочуената специјална единица „Витез“.
 
Идејата за полагање специјален испит кој на војникот му дава право да носи црвена беретка ја дал поранешниот командир на „Витез‘‘, херојот на Русија Сергеј Лисјук. „Сè започна кога ја прочитав книгата 'Алфа Тим' од Миклош Саба, поранешен војник на специјалните единици на САД‘‘, коментира Лисјук. „Таму правото за носење зелена беретка се заработувало со исцрпувачко 'ринтање' во крв и во пот. Книгата ми остави силен впечаток и ми даде идеја во својата единица да воведам испит за правото за носење црвена беретка, односно тоа да не биде обична капа, туку знак за врвна обученост на специјалецот.‘‘

Специјалецот мора да ползи или да претрчува бришан простор со многу ветар. Освен тоа, за време на целата дистанца делува цела специјална група на „психолошки притисок‘‘, таканаречени „психи‘‘, кои трчаат заедно со војникот, викајќи по него, полевајќи го со кал и со вода, фрлајќи му петарди под нозете.

Сергеј Лисјук и неговиот другар Виктор Путилов смислија услови за полагање испит за специјална физичка и тактичка подготвеност, така што од 31 мај 1993 година па до денес тој испит се одржува во сите специјални единици на „внатрешната војска‘‘ (воена формација на Министерството за внатрешни работи).
 
Руското натпреварување за правото за носење црвена беретка се состои од три етапи.
 
Првата е наменета за демонстрација на физичката подготвеност: 8 километри низ природа со спринт во последните 100 метри. Голем дел од патот е или со преминување водни пречки, каде војникот мора да влезе во бара до градите и да минува низ застоена вода полна со жабокречина, или, пак, поминување низ „заразен‘‘ дел со заштитна маска на лицето. Кросот е преполн со посебни пречки: мински полиња, завеси од чад, пожар. Специјалецот постојано мора да ползи или да претрчува преку бришан простор со многу ветар. Освен тоа, за време на целата дистанца делува цела специјална група на „психолошки притисок‘‘, таканаречени „психи‘‘, кои трчаат заедно со војникот, викајќи по него, полевајќи го со кал и со вода, фрлајќи му петарди под нозете. Штом го заврши овој дел, војникот, практично без пауза, преминува на спринтерската дистанца: четири пати по сто метри. Потоа следуваат згибови и други вежби.
 
Втората етапа започнува веднаш по првата. Секој учесник треба да покаже одлична обученост во пикање од противтенковски фрлач РПГ-7, од автоматски фрлач АГС-17, од митралез ПК или ПКТ, од автомат АК74М, од пиштол Макаров или Стечкин и од снајперска пушка СВД.
 
Третата етапа трае сè на сè 12 минути, но специјалците ја нарекуваат „12 минути пекол‘‘. Дванаесетте минути се поделени на 4 периоди од по 3 минути. Секоја период е рунда борба гради в гради со нов противник, кој претходно веќе го добил статусот „црвена беретка‘‘.
 
Оној што ќе ги мине сите етапи добива црвена беретка. Советот на „Црвените беретки‘‘, кој постои во секоја поголема специјална единица, за одредени прекршувања може на војникот да му го одземе правото на носење црвена беретка. Покрај единиците на внатрешната војска за специјални намени, оваа традиција на полагање испит за носење црвени беретки, се одомаќинила и во некои други елитни единици на Министерството за внатрешни работи. Испит за беретка се полага и во киевскиот Одред на милицијата за специјални намени „Беркут‘‘, како и во специјалните единици на Белорусија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња