Пред планираната посета на претседателот на РФ Владимир Путин на Токио, јапонската влада ќе побара од Русија да го почитува договорот од 2001 година за решавање на спорот околу сопствеништвото над Курилските острови. Токио тврди дека имаат намера да разговараат со Москва за судбината на четирите спорни острови, а не само за нивните делови, пренесува „Комерсант“.
„Токио сака да се увери дека и Москва го зазема истиот став во врска со преговорите околу спорните острови пред да го покани рускиот претседател Владимир Путин во официјална посета на Јапонија на разговор со премиерот Шинзо Абе”, наведува агенцијата „Кјодо“, повикувајќи се на извор во јапонската влада.
Јапонската страна планира од Москва да добие потврда за придржување до договорот од 2001 година што го постигнаа Владимир Путин и тогашниот јапонски премиер Јоширо Мори. Тие се договорија дека ќе работат на потпишување на мировниот договор по завршувањето на преговорите околу Курилските острови.
Според пишувањето на јапонските медиуми, јапонската страна сака да го разгледа прашањето за сите острови во целина, а не само на нивните делови. „Владата на Јапонија е сѐ позагрижена за успехот на долгогодишните преговори околу спорните територии, затоа што Русија во последно време ја зајакнува контролата над нив, развивајќи нова инфраструктура и одржувајќи таму воени вежби”, истакнува изворот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче