Во Вологда денес се отвора меѓународниот филмски фестивал на млади автори Voices. Во официјалната програма се најдоа седум филма, од кои шест се на одредена земја – Италија, Русија, Унгарија, Шпанија, Франција, а еден е работен во копродукција на Србија, Германија, Македонија и Хрватска. Уште 37 филма ќе бидат прикажани надвор од конкуренцијата, а утврден е и конечниот список на членовите на фестивалското жири.
Претседател на жирито ќе биде францускиот режисер Жерар Кравчик. Тој на својата листа ги има и мошне успешните филмови „Такси“ и „Васаби“. Филмовите, исто така, ќе ги оценуваат и новинарот Сергеј Шолохов, грузискиот режисер Нана Џорџаѕе, филмскиот теоретичар и постојан директор на Државниот централен музеј на филмот Наум Клејман, како и младата руска актерка Дарја Екамасова.
Помеѓу филмовите од официјалната конкуренција има мелодрами, драми, комедии, но и научна фантастика. Рускиот режисер Андреј Зајцев ќе се претстави со „14+“, фил за Ромео и Јулија од современиот свет. За да бидат заедно, главните ликови ќе мора да минат низ многу нешта: нивните училишта се непријателски расположени едно кон друго, па затоа љубовта претставува предавство на своето мало и на своето друштво.
Режисерот од Германија Бурхан Курбани ќе се претстави со својот филм „Ние сме млади. Ние сме силни“. Филмот е создаден според мотиви од реалните настани од 1992 година во германскиот Росток, каде радикалите од десницата во текот на неколку дена држеа во заложништво преполн центар за бегалци и во него фрлаат шишиња со запална смеса додека Германците од соседните згради им аплаудираат.
Филмот „Споменик на Мајк Џексон“ е заедничка работа на тимови од Србија, Германија, Македонија и од Хрватска. Режисер е Дарко Лунгулов. Филмот зборува за тоа како на плоштадот на едно речиси пусто српско гратче се урива стариот споменик од комунистичката епоха. Марко е пред развод. Тој е многу разочаран и од себе и од животот во српското гратче. Во очај Марко решава да го замени стариот комунистички споменик со статуа на Мајкл Џексон, со цел да го спаси од умирање својот град и да ја врати жена си. Но, неговите планови се уриваат. Во актерската екипа се Драган Бјелогрлиќ, Мирјана Карановиќ, Борис Трифуновиќ и македонските актери Тони Михајловски и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Матијас Шоенинг, сценограф е Кирил Спасевски, костимограф Зора Мојсиловиќ и снимател на звукот Игор Поповски.
Еден од главните гости на годинашниов фестивал е полскиот режисер, сценарист и продуцент Кшиштоф Зануси. На фестивалот тој ќе претстави сопствена програма на полскиот филм, како и своето најново остварување „Туѓо тело“.
Поподробно на официјалниот сајте на Voices
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.