Зошто се опасни новите американски ракети SM-3 за Русија?

Ројтерс
На почетокот на февруари САД успешно ја тестираа новата противвозудшна ракета Standard missile 3 (SM-3) Block IIA за системите за ПВО во Полска и во Романија. Според воените експерти, следната модификација на ракетата (што ќе следи по верзијата ЅМ-3) ќе може да ги уништува лансираните руски боеви глави додека се уште на територијата на Русија.

На почетокот на февруари во близина на Хавајските острови разорувачот на воената морнарица на САД USS John Paul Jones успешно ја тестираше новата противвоздушна ракета Standard missile 3 (SM-3) Block IIA со која од 2018 година ќе бидат вооружени системите за ПВО на НАТО во Полска и во Романија.

Борбениот дел на новото оружје е подобрениот ловец со кинетичко дејство. Поедноставно кажано, тој е наменет за селективно уништување на боената глава на ракетата.

Во ракетата ЅМ-3 сега е вграден усовршен радар. Тој ја препознава нуклеарната боева глава во облак од лажни мети на кои нуклеарната боева глава се распаѓа кога се приближува кон целта.

Леа Гартон / Moрнаица на САД Леа Гартон / Moрнаица на САД

Американските конструктори исто така го зголемија и дострелот на ракетата. Сега таа може да уништува цели во Земјината орбита, а со тоа и непријателските сателити.

ЅМ-3 сега лета кон целта со брзина од пет километри во секунда, а дострелот е 1.000 километри. Со други зборови, од територијата на Полска таа може да гаѓа објекти на небото над европскиот дел од Русија.

„Да се погоди комарец во око“

„Принципот на пресретнување на ракетата ЅМ-3 е таков што треба да се 'погоди комарец во око' кога ракетата веќе се приближува кон целта. Сегашните системи за определување на целта на новата американска ракета сѐ уште не овозможуваат да ја пронајдат и да ја погодат токму нуклераната боева глава или балистичка ракета во облак од лажни мети во последната фаза на летот кон целта“, вели за „Руска реч на македонски“ професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин.

Како што истакнува тој, денес овие ракети не претставуваат опасност за средствата за стратешко нуклеарно одвраќање кои ги поседува Русија. Но, колку утре оваа ситуација може да се смени?

„Американската воена индустрија интензивно работи на хиперсоничните технологии. Четвртата модификација на ЅМ за 16 години ќе може да ги соборува нашите нуклеарни ракети на територијата на Русија веднаш по нивното лансирање“, нагласува Козјулин.

Според експертот, на ракетата од системот „Топољ-М“ ѝ е потребно нешто помалку од пет минути да се залета и да излезе во космосот.

„По 15 години тоа ќе биде голем проблем. Поради тоа прашањето за американските системи за ПВО во Европа треба да се решава денес“, додава воениот аналитичар.

Но, тоа не е единствениот проблем за кој се загрижени експертите.

Ракети до далечен дострел

Денес во САД повторно се слушаат обвинувања дека Русија го крши Договорот за ракетите со среден (од 1.000 до 5.000 километри) и мал дострел (од 500 до 1.000 километри). Со овој договор од 1987 година Москва и Вашингтон се обврзаа дека ќе ги ликвидираат сите такви ракети.

Американскиот весник „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори во владејачките кругови на САД, го обвини Министерството за одбрана на РФ за создавање крстосувачки ракети со нуклеарни боеви глави со дострел од 2.500 километри.

Но, ниту весникот, ниту американските политичари не дадоа никакви докази за овие обвинувања. Според портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, Русија ги почитува меѓународните договори што ги има потпишано, меѓу кои и Договорот за ракети со среден и мал дострел (РСМД).

Но, американските политичари веќе побрзаа да одговорат.

„Доколку Русија има намера да тестира и да поставува крстосувачки ракети со среден дострел, тогаш логиката упатува на тоа дека ние преземаме возвратни мери...“, изјавија американските сенатори од Републиканската партија пред Претставничкиот дом на Конгресот да го поднесе нацрт-законот со кој на Соединетите Американските Држави им се дозволува да прават системи со среден дострел и дека соодветните технологии ги става на располагање на сојузниците и покрај Договорот за РСМД.

Според руските аналитичари, Американците сакаат да го искористат својот адут, а тоа се лансирачките рампи МК-41 во Полска и во Романија, од кои освен противвоздушната ракета ЅМ-3 можат да се лансираат и крстосувачки ракети од типот Томахавк чиј дострел е 2.500 километри.

„Томахавк, како и нашите Калибри (крстосувачки ракети со поморско базирање) може да се прилагоди на копнени лансирачки рампи“, вели за „Руска реч на македонски“ извор во рускиот военоиндустриски сектор.

Според него, за создавање копнена верзија нема да биде потребно да се измислува нешто ново. Ќе биде доволно да се промени главата за наведување, односно наместо сегашните „поморски“ варијанти да се постави „копнена“, која го пресметува патот на ракетата над копното и го зема предвид релјефот.

„Не ја исклучувам можноста Американците веќе да имаат направено таква верзија на ракетата Томахавк, само што тоа не го обелоденуваат“, додава тој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња