Новото ласерско оружје на САД: од што да се плашат Русија и светот

Главниот контролор за лансирање Брет Ричмонд (лево) и помлад поручник Кејти Вудард управуваат со Ласерскиот оружен систем (Laser Weapon System LaWS) инсталиран на бродот УСС Понс во текот на оперативна демонстрација во Заливот. 16 ноември 2014 година.

Главниот контролор за лансирање Брет Ричмонд (лево) и помлад поручник Кејти Вудард управуваат со Ласерскиот оружен систем (Laser Weapon System LaWS) инсталиран на бродот УСС Понс во текот на оперативна демонстрација во Заливот. 16 ноември 2014 година.

Ројтерс
Во текот на годинава американската флота ќе тестира ласерско оружје кое пет пати ја надминува моќноста на сите претходни аналози. Сепак, според руските воени експерти, ваквите комплекси засега не се ефикасни, со оглед на фактот дека можат да функционираат само во идеални услови - без дождови, магла, луњи и друго.

Воено-морските сили на САД се подготвуваат за тестирање на ласерско оружје од 150 кВт. Благодарение на моќниот акумулатор американските бродови ќе можат со цена на истрел од еден долар да ги уништуваат беспилотните летала на противникот, а по некое време и фронтовата авијација, крилати ракети, па дури и бродови.

„Претходниот модел помина тестирање пред три години на десантниот транспортен док на ВМС на САД Ponce во Персискиот залив. Сепак, резултатите од тестовите на 30 кВт топ не ја задоволија командата на флотата, па разработката на оружјето беше предадено на друга компанија“, вели за „Руска реч на македонски“ полковникот во пензија и поранешен главен уредник на списанието „Воено-промишлени курјер“ Михаил Ходоренко.

Како што забележува тој, денес резултатите од истражувањето ги имаме, а по една година овој топ може да се најде на американските носачи на авиони или на миноносец.

„Притоа ласерското оружје троши многу енергија. За еден истрел потребен е генератор со моќност од 450 кВт, а таквите генератори се реткост. Тој постои на новиот миноносец на ВМС на САД Zumwalt и на уште неколку бродови“, додава аналитичарот.

Акумулаторот треба да биде доволен за долга борба со множество противници, како на вода, така и во воздух. За тоа на генераторот на ласерското оружје му се потребни или резервни акумулатори или, пак, склад, кој ќе се полни за време на борбените дејствија.

Како што за американското издание Warrior раскажува директорот за бизнис-развој на компанијата DRS Power and Control Technologies Доналд Клик, денес акумулаторите за ласерските топови за американските бродови се доволни за 100 истрели без полнење.

Сепак, руските експерти се скептични за новото американско оружје, а причини за тоа има неколку.

Недостиг на ласерско оружје

„Денес ласерските комплекси се уште не можат да се разгледуваат како целосно оружје. Тие се уште не претставуваат закана за личниот состав и техниката - засега нема доволно пробивна моќност. Ефикасно средство против ракетите и авијацијата на противникот и понатаму останува истата таа авијација и противракетните комплекси“, вели за „Руска реч на македонски“ извор од одбранбено-индустрискиот комплекс.

Тој исто така се сомнева и во изјавата на Доналд Клик за можноста на американските ласери за 100 истрели без надополнување.

„Во Советскиот Сојуз беше тестиран првиот ласерски топ на полигонот Сари-Шаган (Република Казахстан). Оружјето навистина можеше да соборува крилати ракети и авиони, но за неговата работа мораше да се користат енергетски ресурси од атомската електрана која беше во близината. Засега не постои акумулатор кој ќе може да обезбеди доволно ниво на енергија за ласерското оружје“, додава тој.

Ласерското оружје во современа Русија

Денес во Русија исто така активно се водат разработки на ласерски комплекси. Сепак информација во отворени извори за нив има малку - истражувањата се водат под кодот „строго доверливо“.

„Во нашата земја ласерските системи се интегрирани само во други системи на вооружување. Тие служат за посочување на целта и за други системи за обезбедување на борбата. Целосна „оружена самостојност“ која денес ја демонстрираат Американците, во Русија се уште ја нема“, вели за „Руска реч на македонски“ полковникот во пензија и воен аналитичар на ТАСС Виктор Литовкин.

Како што подвлекува тој, кај ласерското оружје постои клучен недостаток - засега тоа може да се применува само во идеални временски услови.

„Американските ласерски топови засега можат да работат само на сончево време: без дожд, магла или прав. Да не зборуваме за условите во борбените дејствија, кога под рафалите и тенковското оружје се отвора земјата“, додава аналитичарот на ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња